За трудници нема суши!

Ова правило треба да се почитува веднаш по почетокот на бременоста, а според некои и порано, бидејќи ризикот е голем. Со цел да се избегнат развојни компликации, бремените жени треба само да се откажат од омиленото суши

513

Иако  лекарите денес тврдат дека трудниците можат да прават речиси сè како и оние кои не се бремени, под услов да имаат редовна, здрава и ненарушена бременост, сепак има некои работи кои се опасни. Една од забраните особено тешко им паѓа на љубителите на суши. Имено, др. Лоренс Стит, гинеколог и професорка на Универзитетот во Мериленд, изјавила за Romper дека постои добра причина за таа забрана.

 

Зошто бремените жени не можат да јадат суши?

„Трудниците не треба да јадат суши бидејќи сировата риба го става бебето на ризик од изложеност на бактерии“, вели др. Стит. Истото важи и за нарезоците, тврди таа.

Ова правило треба да се почитува веднаш по почетокот на бременоста, а според некои и порано, бидејќи ризикот е голем. Со цел да се избегнат развојни компликации, др. Стит ги поттикнува бремените жени само да се откажат од омиленото суши за време на бременоста.

 

Дали варената риба е во ред за бремени жени?

„Да, варената риба е во ред“, вели Стит, „под услов да е целосно зготвена и да достигне внатрешна температура од најмалку 74 степени Целзиусови“. Морската храна може да биде добра форма на исхрана за бремени жени под услов да се избегнува риба богата со жива. Одличните опции вклучуваат лосос, харинга, инчуни, конзервирана туна и ракчиња.

Но, со сето горенаведено, бремените жени никогаш не треба да ги консумираат овие видови морска храна во сурова форма за да ги избегнат бактериите, живата, па дури и потенцијалните паразити.

„Главното влијание на паразитската инфекција што ја пренесува рибата на бремените жени е анемијата и изменетиот имунитет, што може да го зголеми ризикот од инфекција на мајката“, се вели во истражувањето во списанието Obstetrical & Gynecological. „Примарните ефекти врз фетусот вклучуваат интраутерино ограничување на растот и предвремено раѓање“, се вели во извештајот.

 

Повеќе