Зборувате сами со себе? Ако мислевте дека не сте токму, еве некои знаци кои можеби значат висок коефициент на интелигенција и генијалност
Бројни научни истражувања поврзуваат одредени (невообичаени) однесувања на луѓето со повисок коефициент на интелигенција, а психолозите издвоиле седум такви карактеристики.
Ако понекогаш однесувањето на вашите пријатели, познаници или непознати ви изгледа необично и чудно, тоа може да биде показател за висок коефициент на интелигенција.
Бројни научни истражувања поврзуваат одредени (невообичаени) однесувања на луѓето со повисок коефициент на интелигенција, а психолозите издвоиле седум такви карактеристики, односно однесувања, од кои некои се малку чудни, но би можеле да бидат знаци дека овие луѓе се генијалци.
Разговор со себеси
Колку често зборувате со себе? Според научниците и некои истражувања, разговорот со самиот себе може да биде еден од знаците дека сте попаметни од просечниот човек.
Разговорот со себе носи различни придобивки, како што се подобра меморија и фокус и зголемена самодоверба.
„Дејли мејл“ наведува неколку примери на научни истражувања кои покажале дека луѓето кои зборуваат сами со себе имаат поголем коефициент на интелигенција и побрзо ги завршуваат задачите.
Одење во кревет подоцна
Многубројните истражувања во последните години укажуваат на важноста на спиењето и не се препорачува да спиете помалку од седум часа дневно, а важен е и квалитетот на сонот.
Но, според една студија, чии резултати беа објавени на почетокот на годината, се чини дека постои дефинитивна врска помеѓу времето на спиење и зголемениот коефициент на интелигенција.
Според тоа истражување, во кое биле опфатени дури 26.000 луѓе, ноќните птици имале 13,5 отсто подобри резултати на когнитивните тестови во споредба со утринските типови, додека во другата група овој процент бил околу 7,5 отсто.
Ако вашиот ум е најактивен додека другите спијат, тоа можеби е знак на генијалност, коментираат за „Дејли мејл“.
Фантазирање
Истражувањето на професорот по психологија Ерик Шумахер од Georgia Tech покажало дека луѓето кои фантазираат често имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција и креативност, а дури и резултатите од магнетната резонанца покажале дека имаат „поефикасен мозочен систем“.
Луѓето со ефикасен мозок може да имаат преголем капацитет на мозокот за да ги спречат мислите да талкаат, објаснил тој.
Животот во хаос
Се чини дека на луѓето со висок коефициент на интелигенција не им пречи премногу нередот, односно подобро се снаоѓаат во такви простори отколку во уредни и чисти.
Во „Дејли мејл“ се повикуваат на резултатите од една студија, а како причини за тоа, водечкиот научник на студијата, Кетлин Вохс, објаснила дека нередот во суштина ги инспирира луѓето да се оддалечат од традицијата и да добијат свежи идеи, додека работата во чисти и уредни простори поттикнуваат конвенционални идеи и играње на сигурно.
Сега знаете што можете да им одговорите на колегите кога ќе прашаат зошто вашето биро е хаос.
Поставување многу прашања
Една позната поговорка вели дека има причина зошто имаме една уста и две уши.
Поставувањето многу прашања за тоа како функционира нешто, зошто се случуваат одредени работи и слично е уште еден знак за висока интелигенција.
Љубопитноста е знак дека човечкиот мозок постојано работи и сака да знае како функционираат работите и светот околу нас.
Исто така, со поставување прашања и слушање на одговорите на нив, луѓето постојано учат нови работи.
Немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен, рекол Алберт Ајнштајн.
Интровертност
Генијалците често бараат својот мир и тишина за да можат да размислуваат и да работат подалеку од врева и разни одвлекувања на вниманието.
Интровертите претпочитаат активности кои бараат концентрација и зголемен ментален напор како што се истражување и читање, па јасно е зошто преферираат мир и тишина, односно зошто се повлекуваат во осаменост и избегнуваат социјални контакти
Читање голем број книги
Читањето е како теретана за мозокот. Се учат нови информации, се проширува вокабуларот, луѓето добиваат различни перспективи за нештата и се запознаваат со сложените идеи.
Ова го зајакнува менталниот фокус, ја проширува имагинацијата, а луѓето кои многу читаат постојано ја развиваат својата интелигенција, па поверојатно е да имаат повисок коефициент на интелигенција, објаснуваат во Дејли Мејл.