Жена на жена ѝ е волк! Наместо да се поддржуваат за доењето на јавно место, жените си вадат очи (ВИДЕО)

Англискиот филозоф Томас Хобс е познат по максимата „Човек на човека му е волк”, ама некако изгледа како ова да е уште посоодветно за женската природа, па наместо да имаат разбирање едни за други, тие „си вадат очи“. Жена на жена ѝ е волк!

351

Кога жените се критикуваат меѓусебе, само си ја откриваат својата вистинска природа, а тоа е дека, многу почесто, наместо поддршка, тие се една на другата – волк, односно волчица.

Па така и во случајов кога жена објавила на Фејсбук видео од друга жена која на плажа го дои своето бебе и напишала:

„Не ја засрамувам жената која ги дои своите деца. Ја засрамувам жената која доеше во јавност без почит за да се покрие, туку дозволи дојките да ѝ висат (вклучително и брадавиците) за сите да можат да ги видат! ПОКРИЈ СЕ! Не треба да ги покривам очите на син ми и да му објаснувам зошто твоите гради се извадени и искрено, не сакам ни јас да ги видам. Имај малку почит!“.

Се разбира, бидејќи е доењето, односно, доењето во јавност, сѐ уште извор на безброј полемики, не останала покусо ни доилката, па објавила видео на Тик-Ток.

„Не само што оваа жена помина покрај мене многупати со својот син, туку имаше и можност да ми каже нешто. Не дека ќе ми беше гајле или ќе престанев со она што го правев… Наместо тоа, таа избра да објави видео од мене и од моето дете на Фејсбук, јавно, за цел свет да види.“

„Што ако некој ти каже дека единствениот начин за да можеш да јадеш на плажа е ако се покриеш со крпа?“

„Следниот пат кога ќе видиш мајка како го дои нејзиното дете на јавно место, покриена или не, кажи ѝ дека врши одлична работа.“

Голем дел од корисниците на Тик-Ток ја пофалиле мајката-доилка и ѝ напишале да продолжи да го храни своето дете каде сака и кога сака.

А ние, како аргумент плус во корист на доилката би запрашале: Како ли им ги објаснуваат на своите деца голите задници во танги по плажите ширум светот оние жени на кои доењето во јавност им пречи зашто не е соодветно за детските очи?!

Повеќе