Жени, внимавајте што правите со ноктите! Што треба да знаете за гел-маникирот?

Последното нешто на што сакате да мислите кога ќе дојдете во салонот за нокти е ризикот од инфекција, но сепак, тие се можни. Од габични и бактериски инфекции до рак на кожата, се ризиците од гел маникирот за кои треба да се информирате.

582

За убави и уредно обоени нокти кои ќе траат подолго од стандардниот лак, многумина избираат гел маникир, во кој гел-лакот се третира под ултравиолетова (УВ) светлина. Тие можат да траат од две до три недели и за разлика од традиционалните лакови за нокти, постојано го задржуваат сјајниот изглед. Навистина, голема предност за сите што сакаат убавина без да мора да одвојуваат премногу време. За жал, не е сѐ така идеално. Иако гел-маникирот носи сјајни и издржливи нокти, во исто време, тој придонесува и за голем број здравствени ризици. Еве што треба да знаете.

Габични и бактериски инфекции

Последното нешто на што сакате да мислите кога ќе дојдете во салон за маникир е ризикот од можна инфекција, но за жал, тие се можни, без разлика на видот на маникир.

Неправилно исчистените инструменти, како и бањите за нозе може да бидат извор на инфекција – забележува д-р Марал Кибариан Скелси, директорка на Центарот за дерматолошка хирургија во Chevy Chase.

Друга можност за зараза вклучува сечење и туркање на кутикулите, кои оставаат простор за влез на микроорганизми, плодна почва за развој на бактериски инфекции, брадавици и габични инфекции – вели д-р Шари Липнер, вонреден професор по клиничка дерматологија и директор на Одделот за нокти на Одделот за дерматологија Weill Cornell во Њујорк.
Иако сите видови маникир претставуваат ризик од инфекција, маникирите со гел имаат дополнителен ризик бидејќи можат да создадат ситуација во која е потешко да се забележи нешто погрешно.

Маникирот со гел е долготраен, така што инфекциите на ноктите може да не се откријат веднаш бидејќи се покриени со лак. Останатите ризици како темна линија на ноктот, можен знак за инфекција или дури и меланом, може да се откријат доцна – објаснува д-р Липнер.

Ризици од рак

За да се зацврсти гел-лак, се користи УВ ламба. Една неодамнешна студија објавена во Nature покажа дека зрачењето од овие светилки може да предизвика клеточни мутации кои се поврзани со рак на кожата.
„И меланомот, најсериозниот рак на кожата и немеланомските карциноми на кожата, како што се карцином на базалните клетки и карцином на сквамозните клетки, се зголемуваат по честото изложување на ултравиолетова светлина“, вели д-р Скелси.

Сепак, некои ги толкуваат резултатите од истражувањето за употребата на УВ ламби како нејасни во однос на ракот и оштетувањето на клетките на кожата.

Алергии
Една од главните грижи за ваквите маникири е ризикот од контакт на кожата со гелот, кој содржи хемикалии.

Метакрилатите во маникирот, вид на хемиско соединение од семејството на акрилни полимери кои се користат за создавање трајни нокти, може да предизвикаат контактна алергија на кожата. Повторуваното изложување на влажен гел или прашина резултира со значителни алергиски реакции кои можат да бидат долготрајни, објасни Скелси.

До послабо стврднување на лакот може да дојде доколку се нанесе во дебел слој, бидејќи УВ светлината не може да навлезе низ слоевите за целосна полимеризација – додава Скелси.
Метакрилатите може да се користат и за стоматолошки процедури, како и за замена на коленото и колкот, така што развојот на алергија може да предизвика проблеми надвор од самиот маникир.

Како да ги спречите ризиците и да имате уредни и негувани нокти

Ако одлучите да направите маникир со гел, важно е да бидете свесни за ризиците и да направите сѐ што можете за да спречите оштетување. Д-р Скелси го предлага следново:

За да избегнете изложување на УВ светлина, намачкајте ја раката со крема за сончање што содржи цинк или титаниум оксид, што делува веднаш. Може да носите и ракавици без прсти кои штитат од УВ зраци за да го намалите ризикот.
Можете исто така да донесете свои алатки за нокти за да ги намалите шансите да добиете инфекција.
Иако гел-маникир може да биде практичен, редовните маникири без траен лак за нокти имаат помал ризик.
Неколку недели одмор може да им помогнат на ноктите да дишат и да ве заштитат од несакани инфекции.

Повеќе