Застрашувачко видео: Дете си игра криенка на работ од 5-ти кат на облакодер во Кина (ВИДЕО)

Шокирана од глетката, загрижената сосетка го алармирала обезбедувањето на зградата, а тие ги информирале родителите на детето за сѐ и ветиле дека ќе го зголемат надзорот за да се спречат слични инциденти.

179

Жена која живее спроти облакодер во Женгжу, во провинцијата Хенан, Кина, на 12. август го снимила моментот од кој се крева косата на главата. На видеото кое се шири на социјалните мрежи момчето се крие од друго дете кое го бара на 5-ти кат од зградата.

Поточно, детето клекнало покрај клима-уредот на испакнатиот дел под прозорецот од неговиот стан. По некое време, на прозорецот се појавува возрасен човек и му наредува на момчето да влезе во станот.
Шокирана од глетката, загрижената сосетка го алармирала обезбедувањето на зградата, а тие ги информирале родителите на детето за сѐ и ветиле дека ќе го зголемат надзорот за да се спречат слични инциденти.

Видеото стигна и до полицијата, која ги предупреди родителите да внимаваат на своите деца и да ги спречат да одат на такви места додека си играат криенка.

Повеќе