Зошто девојките масовно замрзнуваат јајце-клетки? Припаднички на генерацијата З отворено зборуваат за новиот тренд на Тик-Ток

Бројот на процедури за замрзнување јајце клетки рапидно се зголеми во светот, но експертите предупредуваат на опасноста што ја носи со себе и на неискуството на различни клиники за ИВФ.

381

Зошто припадничките на генерацијата Z масовно одлучуваат да ги замрзнат своите јајце-клетки?

На Тик-Ток веќе извесно време е популарен новиот тренд на хаштаг #eggfreezingjourney, со повеќе од 32 милиони прегледи, во кој млади жени, членки на генерацијата Z, ги користат социјалните мрежи за да ги повикаат другите жени на иста возраст да се одлучат за процедурата за замрзнување јајце клетки.

Иако не се знае колку жени во дваесетите години од животот решиле да се подложат на оваа процедура, околу 1.363 лица помлади од 34 години поминале барем еден циклус на замрзнување на јајце клетки во Велика Британија, пишува Дејли Мејл. Се смета дека бројот на жени кои ги замрзнуваат јајцата се зголемил за време на Ковид, бидејќи многумина стравувале дека им снемува време да имаат дете. Но, членовите на генерацијата Z имаат други причини за кои зборуваат на Тик Ток.

„Не знам дали сум многу драматична или причината е владеењето на Овен, а во хороскопот сум Овен, но решив да ги замрзнам јајце-клетките. Ситуацијата не изгледа баш најдобро. Не сакам да се скрасувам со никого. Ги подигнав високо моите критериуми. Не сакам да се грижам за мојот биолошки часовник, па сега сум веќе четврти ден на лековите за плодност. Тоа значи дека треба да си давам инјекции четири дена, под надзор на лекар. Сè уште сум во моите дваесетти, но сакам да го направам тоа сега додека имам шанса. Ова е необичен процес, но се чувствувам одлично кога го правам ова и навистина е одлично што не треба да се грижам за тоа подоцна. Еден ден ќе можам да имам деца под мои услови“, објаснува Џеса Чои, 27-годишна девојка од Њујорк.

„Имам 28 години, во стабилна врска сум, имам одлична кариера и решив да ги замрзнам моите јајце клетки, бидејќи не можете да ја предвидите иднината, но можете да влијаете на неа. Ова е најдобрата одлука што ја донесов во моите 20. Четиринаесет дена инјекции и силна надуеност, но сега сум ослободена од биолошкиот притисок на времето. „Треба да се грижиме за плодноста порано, во нашите 20-ти, а не кога ќе се појават проблеми“, вели њујорчанката Тифани Жу.

@nottiffzhu

Replying to @kelseyeriin #greenscreen Dont be scared!! Just want to encourage women to have convo about fertility earlier on in life if you plan on having kids.

♬ original sound – Tiffany Zhu

„Го направив тоа за да си купам време, затоа што прво сакам да се реализирам професионално“, е причината што ја наведува 25-годишната Шања Бопа од Онтарио.

Иако медицината напредна и замрзнувањето на јајце клетките им помогна на многу жени да станат мајки, експертите за плодност предупредуваат дека тоа „не мора да гарантира“ плодност и дека многу клиники „имаат мало или никакво искуство со процедурите за замрзнување јајце клетки“.

Д-р Јинг Чеонг, експерт за репродуктивна медицина на Универзитетот во Саутемптон, изјавила за Дејли Меил: „Има многу придобивки од замрзнувањето на јајце клетките и технологијата постигнува одлични резултати во повеќето центри за ИВФ. Но, би ги советувала жените од Gen Z да не брзаат да ги замрзнат јајце клетките, бидејќи сѐ уште се многу млади, а замрзнувањето на јајце клетките вклучува процедура за стимулација на јајниците, која има свои ризици. Замрзнувањето на јајце клетката не е гаранција за плодност, а најдобриот начин за создавање семејство е сепак природниот.

Повеќе