Сексот после 60-тата може да го намали ризикот од деменција

Истражувањата покажале дека интимните односи на подоцнежна возраст го зајакнуваат здравјето на мозокот и го намалуваат стресот. Одреден е и точниот број на интимни односи кои треба да ги имаат лицата на подоцнежна возраст

513

Најновата студија во САД открила дека редовните интимни односи имаат повеќе здравствени придобивки отколку само задоволство. Тие најмногу влијаат на здравјето на мозокот. Истражувањето од Хоуп колеџот во САД ги тестирало когнитивните способности, кои вклучуваат вештини за меморија и внимание. Тоа опфатило 1.683 луѓе на возраст од 62 и повеќе години во текот на петгодишното истражување.

На крајот на експериментот било откриено дека оние на возраст меѓу 75 и 90 години кои имале секс барем еднаш неделно во текот на пет години имале повисоки резултати на тестовите за мозокот од оние кои немале секс. Причината за ова е што интимните односи можат да го намалат ризикот од когнитивно опаѓање, вклучително и деменција.
„Ова може да биде особено точно во постара возраст, бидејќи физичката неактивност се зголемува со возраста и постарите возрасни имаат висока стапка на седечки начин на живот“, напишале истражувачите.

Исто така, научниците ја нагласуваат користа од интимните односи во намалувањето на стресот и ослободувањето на хормонот на задоволството – допаминот. Конечно, интимните односи еднаш неделно на старост носат здравствени придобивки.

Повеќе