Зошто француските деца се трпеливи, јадат сѐ и спијат цела ноќ

Французите се познати по својата мода, сирења и ненаметливата елеганција која зрачи со шармантни детали. Нивниот начин на живот е интересен за целиот свет, но интересен е и начинот на кој ги воспитуваат своите деца. Ги учат своите малечки на чекање и на трпение, а не постои нешто како „храна за деца“

958

Американката Памела Дракерман ја напиша книгата „Bringing Up Bébé: One American Woman Discovers The Wisdom Of French Parenting“ во која го опишува своето искуство со подигање дете во Париз и ги опиша главните разлики во воспитувањето на американските и француските деца. Таа откри дека француските деца се добро воспитани, независни, но и дека јадат храна која не е во форма на диносаурус.

Ако ова не ви ја разбуди доволно љубопитноста, според Дракерман додава и дека француските родители имаат социјален живот, спијат, но имаат и сексуален живот. Звучи интересно? Во својата книга, таа опиша како живеат француските родители и нивните потомци.

Како Французите разговараат со своите деца?
Ги слушаат децата – Французите веруваат дека бебињата не се празни суштества кои треба да научат сè, туку рационални суштества кои можат да научат како да го соопштат она што го чувствуваат или мислат. Како го прават тоа? Слушајте го вашето бебе и внимавајте на знаците, внимавајте како се однесува. Французите веруваат дека е можно да се развие чувствителност во овој процес, кој е неопходен за родителството. Бидете добри со вашето бебе, не користете „чудни“ гласови кога му пеете на вашето бебе и користете ги зборовите „те молам“ и „благодарам“ иако ви изгледа смешно бидејќи бебето е мало и не зборува.

Зошто нивните деца спијат цела ноќ?

Бебето ќе спие цела ноќ ако му дозволите – На крајот од секој циклус на спиење, бебињата може да се разбудат и да плачат, а со тоа да научат како да ги поврзат овие циклуси во целосен ноќен сон. Исто така, тие можат да бидат многу активни, да се вртат низ креветчето без воопшто да се разбудат. Сепак, родителите во Франција не се грижат премногу за такви работи. Како Французите ги учат своите деца полесно да ги поврзуваат ноќните циклуси? Тие прават петминутна „пауза“ доколку детето почне да плаче веднаш штом се разбуди. Оваа мала пауза му дава можност на детето полека да заспие без ваша помош. Оставете го детето да спие во текот на денот без повлечени завеси, па ќе му биде многу полесно да ја научи разликата помеѓу дневниот и ноќниот сон и кога навистина треба да спие цела ноќ. Разговарајте со вашето дете зошто сите треба да спијат цела ноќ (веќе напишавме погоре дека Французите веруваат дека бебињата разбираат сè) и кажете му колку сте сигурни дека можете да ги научите. На крајот ќе ви докажат дека тоа е можно, а вие ќе станете вистински „генијален родител“.

Зошто малите Французи јадат сѐ?

Не постои нешто како храна „за деца“ – Французите ги хранат своите деца горе-долу со истите работи што ги јадат и тие. Општо правило е дека нивните деца се здрави и се хранат нормално без да мислат дека зеленчукот е чуден и вонземјански. Децата јадат три оброци на ден и имаат попладневна ужина, не консумираат премногу слатки или брза храна и не се жалат на тоа.

Во пракса, штом децата се подготвени за цврста храна, наместо житарки почнуваат да воведуваат зеленчук. Тие веруваат дека префинетоста на вкусот почнува да се развива уште од рана возраст. Во исто време, нивните оброци се приспособуваат на распоредот на семејството наместо да ги хранат децата на барање. Јадењето патем исто така не е вообичаено, освен попладневната ужина, бидејќи на овој начин детето ќе научи трпение и самоконтрола и ќе биде погладно кога ќе дојде време за јадење. Според Французите, гладните деца јадат подобро Семејните оброци не се делат на големи и мали, сите јадат исто. На почетокот од оброкот се послужува веднаш зеленчукот, бидејќи тогаш децата се најгладни. Иако можеби звучи строго, малите Французи не мора да јадат ако нешто не им се допаѓа, туку мора да пробаат сѐ што е на масата. Погледнете што сакаат вашите деца и подгответе уште едно јадење со тие состојки. Исто така, важно е да не разговарате со децата со зборовите ми се допаѓа/не ми се допаѓа. Разговарајте за храната зборувајќи за различни вкусови и текстури и споредувајќи ги едни со други. На овој начин многу полесно ќе разберете зошто некоја храна не им е вкусна, а може да ја поттикнете и љубопитноста поврзана со храната. И за крај, не ги замарајте, Французите на храната гледаат како на уметност, иако е познато дека многу пати за време на оброк ги пуштаат децата од масата по 20 минути.

Зошто француските деца се однесуваат убаво?

Трпението не е само доблест, туку е и очекувано – Французите веруваат дека справувањето со фрустрацијата и одложувањето на задоволувањето се вештини кои можат да се научат. Се учи чувството на смиреност, за децата да разберат што се очекува од нив. Французите во секојдневниот живот полека ги учат децата на оваа вештина. Не пуштајте сѐ од рака кога на вашето дете му „требате“. Не заборавајте да му објасните на вашето дете дека треба да завршите со подготовка на појадок, испраќање е-пошта или миење заби пред да го погледнете неговиот последен цртеж. Не дозволувајте вашето дете да ве прекинува, но не го прекинувајте нитувие додека ужива во својот момент. Ако му кажете дека ќе бидете со него за неколку минути, исполнете го тоа ветување и тогаш посветете му се.

Французите имаат големи очекувања од децата и нивната способност за самоконтрола. Ги учат како мирно да ја најдат омилената играчка меѓу куп играчки и ja пренесуваат таа самодоверба на децата и така во секое време. Тие не ги учат децата да мислат дека тие се центарот на универзумот, иако тие се центарот на нивниот живот.

Доењето не е нешто што се зема здраво за готово

Доењето не им е императив, а среќни и здрави бебиња пораснале и на вештачко млеко. Иако науката само потврди колку е важно и здраво мајчиното млеко за бебињата, а педијатрите препорачуваат бебињата да се дојат до шест месеци, Французинките не се оптоварени со ова и оваа земја е една од земјите со најмал процент на доење во Западна Европа, а продолженото доење во никој случај не оди со францускиот начин на живот.

Повеќе