Зошто на децата не треба да им се кажува дека скапите подароци се од Дедо Мраз?

Престанете да им кажувате на вашите деца дека Дедо Мраз им донел Ајпод, Ајфон и играчки од 200 евра. Некои семејства не можат да си го дозволат тоа. Малите деца се прашуваат зошто добиле чорапи или јакна или некои евтини играчки од Дедо Мраз, а другите деца добиле Ајпод.

42

Се ближат празниците и децата веќе прават списоци за своите пакетчиња, а родителите неуморно ги подготвуваат за нивните малечки да добијат сѐ што сакаат. Секако, со образложение дека Дедо Мраз ги донел сите подароци.

Сепак, празничната сезона не е подеднакво магична за сите деца. Некои од нив нема да можат да добијат скапи подароци, а некои воопшто нема да ги добијат.

Ние, возрасните, знаеме дека вредноста на пакетчето нема врска со тоа „колку било добро детето во текот на годината“ туку зависи од финансиската состојба на родителите. Но, дали децата го знаат тоа?

Дали малите што добиваат чорапи наместо телефони од Дедо Мраз ќе се запрашаат што згрешиле и зошто Дедо Мраз не ги сака доволно?

Како ќе се чувствуваат родителите кои не можат да си дозволат скапи пакетчиња за своите деца ако им дозволиме на децата да веруваат дека Дедо Мраз носи скапи подароци и дека подарокот единствено го одредува однесувањето на децата во текот на годината.

Пред неколку години, социјалниот работник Меган Џексон апелираше до родителите на Фејсбук да не им кажуваат на децата дека Дедо Мраз им донел скапи подароци.

„Престанете да им кажувате на децата дека Дедо Мраз им донел Ајпад, Ајфон и играчки од 200 евра. Некои семејства не можат да си го дозволат тоа. Малите деца се прашуваат зошто добиле чорапи или јакна или некои евтини играчки од Дедо Мраз, а другите деца добиле iPad“.

Наместо да купувате скапи подароци, научете ги децата да ја ценат вредноста на секој подарок и да ја видат магијата на празниците во моментите кои ги поминуваат со своите најблиски. Ако сепак одлучите да им купите на вашите деца скап подарок, кажете им дека е од вас, а уште некои симболични подароци како слатки и чорапи нека бидат од Дедо Мраз, кој ги сака сите деца.

„Срцето ми се кине за оние родители кои не можат да си дозволат подароци за своите деца и за тие деца“, напиша Џексон, велејќи им на родителите: „Да речеме дека на вашите деца сте им купиле скап подарок, кажете дека не им го купил Дедо Мраз, туку мама или тато. Поевтините подароци нека бидат од Дедо Мраз“.

Повеќе