Дедо Мраз доби закана со убиство од незадоволно дете (ВИДЕО)

Момче незадоволно затоа што добило само еден од двата подароци што ги побарало пишува: „Дебелко, твоите закани не ме плашат. Ја играв твојата игра, а ти не го направи тоа што требаше. Ова не е во ред. Имаш една недела, а потоа ќе платиш“. Целата преписка на ТикТок ја чита таткото на момчето. Се разбира, токму тој е оној што пишува наместо Дедо Мраз

284

Едно момче по име Џереми стана вирално на TikTok откако беа објавени писмата што тој ги испрати до Дедо Мраз. Незадоволен затоа што минатата година не добил еден од двата подароци што ги побарал, решил да му се закани.

„Драг Дедо Мраз, ова го пишувам ден после Божиќ и многу сум тажен бидејќи добив само еден од двата подароци што ги побарав. Имаш една недела да го поправиш тоа“, напишал тој во писмото што му го упатил.

Набрзо добил одговор.

„Драг Џереми, извини што си разочаран од твоите подароци. Ти побара два многу скапи подароци и Дедо Мраз не може да си дозволи толку многу. Треба да бидеш благодарен за она што го имаш и да научиш да не се вознемируваш поради тоа што го немаш. Ако продолжиш да се жалиш, нема да имам друг избор освен да те додадам на списокот на непослушните следната година. Дедо Мраз“, гласело повратното писмо.

Џереми не застанал тука и напишал уште едно писмо: „Дебелко, твоите закани не ме плашат. Ја играв твојата игра, а ти не го направи тоа што требаше. Ова не е во ред. Имаш една недела, а потоа ќе платиш. Џереми. П.С. „Незнам зошто велиш дека подароците се скапи, а имаш робови-џуџиња кои ги прават. Мислам дека си многу лош затоа што чуваш робови“.

Дедо Мраз тогаш решил да го казни момчето.

„Драг Џереми! Ти си многу лошо момче и можеш да бидеш среќен со она што го имаш. Разговарав со твоите родители и им реков да ти го одземат Wii U. Сега немаш ништо. Откако ќе научиш да бидеш благодарен, можеби ќе го добиеш назад. Ме разочара. Ќе мора да бидеш особено добар оваа година ако сакаш да се вратиш на листата на добри деца“, напишал Дедо Мраз.

Џереми целосно полудел заради ова.

„Не ми се допаѓа тоа што го направи со моите родители. Сега си ти на мојата листа на непослушни. Изгледаш како да ќе биде лесно да бидеш убиен. Уживај во твоите колачи бидејќи следната година ќе бидат отровни. Се надевам дека ќе умреш Џереми.
Видеото собра 18,8 милиони прегледи. Насмеа многумина, но дел од нив ги осудија родителите кои дозволиле ситуацијата да оди толку далеку.


@koko_mink

Jeremy was NOT playing about his Christmas!!! #greenscreen #christmas #santa

♬ original sound – Kodi Mink
Повеќе