Кутри деца со вакви родители: Ги плашат децата со Гринч кој им ги краде подароците (ВИДЕО)

На контроверзното видео објавено на ТикТок се гледа како Гринч влегува во куќата со намера да им ги украде подароците на двете момчиња. Тие се избезумени и додека едното плаче на цел глас, другото, максимално вознемирено, се обидува да го спречи Гринч.

207

Најновиот тренд на социјалните мрежи стана вистински хит меѓу родителите кои се маскираат во Гринч (американски компјутерски анимиран лик од филмот „Како Гринч го украде Божиќ“), а потоа доаѓаат меѓу децата, ги плашат и им ги крадат подароците под елката. И овие родители решиле да го направат истото, но наместо позитивните реакции кои најверојатно ги очекувале, луѓето се шокирани и со право ги обвинуваат дека со оваа постапка непотребно ги трауматизирале своите деца.

Контроверзното видео објавено на ТикТок собрало 35,5 милиони прегледи за само неколку дена. На видеото се гледа како Гринч влегува во куќата со намера да им ги земе подароците на момчињата.
Штом Гринч влегува, едно од момчињата почнува да плаче, додека другото вика по него и се обидува да го спречи да им ги земе подароците. Тоа скока од каучот и почнува да го удира „крадецот“ со раце и нозе, обидувајќи се да го избрка. Целата работа брзо ескалира, поради што мора да интервенира и таткото кој го задржува вознемиреното момче. Гринч сепак краде неколку подароци набрзина.

Видеото брзо стана вирално и предизвика бурни реакции. Додека само неколкумина го пофалија момчето за неговата храброст, повеќето луѓе беа шокирани од целата ситуација.

„Што им подаривте на вашите деца за Божиќ? Траума, ги истрауматизиравте“, „Ова е страшно, не знам како вакво нешто им изгледало како добра идеја на родителите“, „Па децата се преплашени, срам да ви е“, „Знам дека ова е само шега за родителите, но никогаш не би можела да им направам вакво нешто на моите деца, би ми се скршило срцето да ги видам толку вознемирени“, се само дел од коментарите за овие родители.

Повеќе