Научниците го опишаа совршениот маж

Ако вашиот партнер ги нема сите наведени квалитети, не мора веднаш да го оставите – сите ние бараме различни работи од партнерот во врската. Но, ако ги штиклиравте сите, тогаш тој може да биде некој за кој вреди да се држите.

216

Убавината е во окото на набљудувачот, а човечката единственост е она што ја прави потрагата по идеален партнер интересна, но и тешка. Меѓутоа, додека научниците поминаа децении обидувајќи се да го најдат клучот на вљубеноста, тие дошле до одредени работи што би требало да ги барате кај потенцијалниот партнер, а кои сугерираат дека можеби сте го нашле вистинскиот.

Значи, ако се прашувате дали сакате да се скрасите со вашиот сегашен партнер, да се омажите и да основате семејство, можеби е добра идеја да проверите дали ги има квалитетите наведени подолу.

Паметен е

Студијата која ја спровела Hanken School of Economics во Финска сугерира дека колку е попаметен мажот, толку е помала веројатноста да биде неверен. Според истражувањата, поинтелигентните мажи имаат поголема веројатност да стапат во брак и да останат во брак.

Ве смее


Многу е важно да најдете некој со кој ќе се смеете. Дури и ако сите останати ги превртуваат очите на неговите шеги, а вие ги сметате за смешни, тоа е сè што е важно.

Ја поддржува вашата кариера

Студијата покажала дека сопрузите се одлучувачки фактор во две третини од одлуките на жените да ја напуштат работата, често затоа што сметаат дека е нивна должност да ги воспитуваат децата. Дури и кога жените во студијата ги опишале своите сопрузи како поддршка, тие признале дека мажите не сакале да го променат распоредот за работа или да понудат дополнителна помош во грижата за децата.

Еднакво се труди околу вашите пријатели и семејството како и вие околу неговите

Не е невообичаено жената да се откаже од сопственото друштво за да се посвети на мажот. Но, мажот, кога влегува во врска, ретко го прави истото. Важно е да се одржуваат пријателствата. Затоа погрижете се да сте со маж кој сака да се дружите со своите пријатели и ќе се потруди самиот да ги запознае.

Тој е емоционално интелигентен

Ако им се верува на стереотипите, жените се тие кои секогаш сакаат да зборуваат за своите чувства, додека мажите тешко го прават тоа. Иако ова дефинитивно не е точно, важно е секоја личност во врска да има одредено ниво на емоционална интелигенција.

Тој го почитува вашето мислење и слуша што имате да кажете

Затвореноста не е особина која е единствена за одреден пол, но ако мажот е убеден дека секогаш е во право и никогаш не ги зема предвид вашите аргументи, тоа не е добар знак.

Подготвен е да се потруди

Студијата на Универзитетот во Тексас покажала дека најуспешните врски не се сведуваат на компатибилност, туку на тоа врската да функционира.

Ги слави вашите достигнувања

Без разлика дали станува збор за кревање тегови или за учење странски јазик, важно е да имате партнер кој ги слави вашите достигнувања. Студијата објавена во The Journal of Personality and Social Psychology покажала дека паровите кои го правеле тоа се позадоволни од нивните врски.

Ги споделува вашите вредности


Сличен поглед на животот може да биде клучен за успешна врска, покажало едно истражување. Колку повеќе се слични вашите личности, толку е поголема веројатноста да им пристапите на проблемите на ист начин.

Ако вие и вашиот партнер имате сличен пристап кон сè, ако вашите приоритети се исти, тоа веројатно ќе доведе до поголемо меѓусебно почитување.

Се разбира, ако вашиот партнер ги нема сите горенаведени квалитети, не мора веднаш да го оставите – сите ние бараме различни работи од партнерот во врската. Но, ако ги штиклиравте сите, тогаш тој може да биде некој за кој вреди да се држите.

Повеќе