10 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар татко

Има неколку интересни карактеристики кои покажуваат дека мажот со кој сте во врска е добар „материјал“ за татко

580

Кога планирате заеднички живот со партнерот, размислувате како ќе изгледа сето тоа, дали тој ќе биде добар татко за вашите деца…

Има неколку карактеристики кои покажуваат дека вашиот партнер е добар „материјал“ за татко.

Прочитајте подолу кои се тие карактеристики и проценете.

1. Работи домашни работи

Секако, не сметате дека тој ќе прави сѐ наместо вас, но ако покаже подготвеност понекогаш да преземе обврски, како подготовка на храна или бришење прашина во куќата, тоа секако е добар знак.

Поентата не е што ќе прави некој, туку важно е да е подготвен активно и рамноправно да учествува во заедничкиот живот.

2. Функционира под притисок

Кога ќе се најдете во тешка ситуација, секако сакате да сметате на поддршката од партнерот, а не на некој кој ќе седне до вас и ќе плаче.

Човек кој може да се справи со себе кога е под притисок или во стресна ситуација, веројатно ќе може да го смири бебето кога ќе плаче во три часот наутро.

3. Тој се грижи за вашите потреби

Никој од партнерите не бара исполнување на недостижни желби, но доколку се грижи за вашите потреби и сака да направи сѐ за да бидете задоволни, јасно е дека е подготвен да инвестира во вашата врска и заедничкиот живот.

Тоа што се грижи за вас значи дека не е себичен и дека ќе даде сѐ од себе добро да се грижи и за вашите деца.

4. Тој е одговорен

Внимавајте на неговото однесување – ако е од оние мажи кои редовно си ги плаќаат сметките, размислуваат дали донеле сѐ што им треба за претстојното патување… значи дека е одговорен и таков ќе биде и кон вашите деца.

Во секој случај, не можете да очекувате некој што е како „мува без глава“ утре да може да се грижи за децата.

5. Има миленичиња

Можеби ви изгледа сосема неважно, но мажот кој имал или има домашно милениче е навикнат да размислува за туѓите потреби, а не само за своите.

Грижата дали миленикот е сит и искуството во чистење на влакна, измет… не се исто што и татковство, но се добра основа за таа „улога“.

6. Забавен е

Ако делите смисла за хумор и тој знае како да ве насмее кога не сте расположени, тоа значи дека ќе биде грижлив и забавен татко, но и дека ќе знае да ви го разубави денот со своите коментари и однесување.

7. Одлучен е

Кога ќе одлучите да започнете заеднички живот, важно е да знаете дека можете да сметате на поддршката од партнерот во секое време.

Затоа ви треба независен и решителен маж, а не оној кој сè уште ѝ се јавува на мајка си пред секое одење во продавница.

Кога ќе имате бебе, ако имате маж кој е самостоен и снаодлив нема да мора да му се јавувате на секои две минути за да му објасните како се менуваат пелени, каде е храната за бебиња…

8. Понекогаш ви се спротивставува

Се разбира, само кога навистина грешите.

Можеби звучи како почести кавги, но поентата е што тој ве спушта на земја кога треба, со тоа што ќе се спротивстави и ќе го каже своето мислење.

Исто така, ваквото однесување секако ќе му помогне во воспитувањето на детето, особено кога ќе влезе во пубертет.

9. Чувствителен е и добар

Едноставно, ако вашиот партнер не одбива да помогне некому кога може, се грижи да не ги повреди другите, можете да сметате на него дека ќе ги научи вашите деца на вистинските вредности.

Зарем тоа не е најважно?

10. Сака да биде добар татко

Едно е сигурно – кога вашето прво дете ќе дојде на свет, а немате искуство во улогата на родител, важно е да знаете дека тој барем сака да биде добар татко и дека ќе даде сѐ од себе за да се случи тоа.

Повеќе