Ако детето има страв од одвојување, не ги правете овие грешки

Како една од најголемите грешки, таа го нагласува подготвувањето на детето за ситуацијата која следува наместо фокусирање на неговите чувства.

1.609

Стравот од одвојување или таканаречената сепарациска анксиозност е нормална фаза во развојот на секое дете. Како што објаснува д-р Жак Богданов, детски психолог специјализиран за воспитување деца со АДХД и анксиозност, постојат неколку начини на кои родителите можат дополнително да ја влошат оваа доста честа појава кај децата.

„Често грешиме затоа што можеби сме слушнале совети од други луѓе или самите сме ги доживеале во детството. Наместо да подобриме и да го намалиме стравот од одвојување, правиме само поголема штета“, објаснува психологот. Како една од најголемите грешки, таа го нагласува подготвувањето на детето за ситуацијата која следува наместо фокусирање на неговите чувства. „Иако родителите му објаснуваат на своето дете дека го чека одредена промена, сепак се изненадени од чувствата на детето кога ќе се најдат во таа ситуација. Имено, важно е да зборувате за емоциите кои ќе ги доживее вашето дете, без разлика дали се работи за одење на училиште или пак за чување од страна на нова дадилка. Зборувањето за чувствата ќе му помогне на детето полесно да се справи со нив“, објаснува таа.

Следната грешка што ја прават многу родители е да заборават дека чувството на страв е сосема нормално.

„Родителите треба да ги разберат чувствата на страв на нивните деца. Верувајте им кога ќе ви кажат дека се плашат од нешто, нормално е чувството на страв кога доаѓаат промени, особено оние предизвикани од одвојувањето“.

Сепак, фокусирањето исклучиво на анксиозноста на детето и игнорирањето на сопствените стравови, реакции и емоции, исто така, може да биде една од најчестите грешки.

„Многу родители се фокусираат на тоа како ќе се чувствуваат нивните деца, а во исто време не мислат дека и нивните чувства и тоа како влијаат на нивното дете и само им го отежнуваат веќе напорниот и стресен период“, советува психологот.

Повеќе