4 здравствени придобивки за децата кои ги има овесното млеко

Овесното млеко е само една од здравите млечни алтернативи со кои можете да го нахраните вашето дете. Во споредба со некои други видови млеко, тоа е целосно без холестерол и заситени масти.

607

На децата им требаат многу хранливи материи додека растат, а многу нутриенти добиваат токму од млекото. Овесното млеко е еден од богатите извори на материи кои имаат голема здравствена корист за организмот на децата.
Постојат различни видови млеко што децата можат да ги пијат – мајчино, кравјо, бадемово и овесно млеко. Секој вид млеко има свои предности и недостатоци. Сепак, едно нешто што треба да се има на ум е дека дека мајчиното млеко никогаш не може да се замени со друг вид млеко.

Овесното млеко е само една млечна алтернатива со која можете да го нахраните вашето дете. Како што расте вашето дете, ќе му треба извор на протеини, калиум, масти, витамин Д и калциум.

Просечна шолја овесно млеко содржи 4 грама протеини, 130 калории, 2,5 грама масти и 110 грама натриум. Овесното млеко е целосно без холестерол и заситени масти.

Со конзумирање на овесно млеко, вашите малечки ќе бидат заштитени од штетното влијание на заситените масти и лактозата што ги содржи кравјото млеко.

Кои четири здравствени придобивки ги има овесното млеко за малите деца.

Зајакнување на имунитетот
Овесното млеко природно се добива од овесни зрна и затоа е богато со влакна и протеини. Овие влакна и протеини ќе можат да му помогнат на вашето дете на многу начини.

Еден од нив е зајакнувањето на имунолошкиот систем и клеточниот развој. Хранливите материи во овесното млеко се навистина неопходни за малите деца кои се во рана фаза на развој.

Здраво срце
Според многу педијатри, маснотиите во кравјото млеко се здрави за вашите деца, но во исто време малите се премногу изложени на масти од други извори на маснотии.

Постои загриженост дека во текот на развојот детето може да консумира повеќе масти отколку што му треба. Како резултат на тоа, мастите можат да ги затнат крвните садови. Многу деца денес страдаат од срцеви заболувања како никогаш досега, а за да спречите таква ситуација, наместо со кравјо млеко можете да ги храните со овесно, бидејќи во него нема ни масти, ни холестерол.

Зајакнување на коските и забите
Кравјото млеко е многу добар извор на калциум, како и овесот. Во споредба со млекото од бадем и соја, овесот е одличен извор на калциум. Поради оваа причина, редовното консумирање на овесно млеко ќе го поттикне развојот на коскеното ткиво на вашето дете, заедно со развојот на неговите заби.

Лесно е за варењето
Овесното млеко не содржи лактоза и како резултат на тоа шансата за алергиски реакции и нетолеранција е навистина мала.

Овесното млеко може да се конзумира директно како напиток или во комбинација со други житарки. Една работа што треба да ја запомните кога ги храните децата со овесно млеко е да бидете сигурни дека нема додадени емулгатори и внимателно да ја проверите целата содржина на хранливи материи.
На тој начин, можете и сами да се уверите дека овесното млеко е безбедно. Никогаш не го заменувајте мајчиното млеко со овесно млеко, бидејќи некои од основните хранливи состојки во него, не се содржани во овесното млеко.

Исто толку корисна како млекото е и овесната каша која е добра не само за децата туку и за целото семејство.

Повеќе