5 тајни на децата кои никогаш не се болни

Дали родителите на детето од соседството кое никогаш не е болно, знаат нешто што вие не знаете?

1.627

Го знаете тоа момче од соседството кое никогаш не е болно? Дали неговите родители знаат нешто што вие не знаете? Веројатно не, велат експертите, но овие пет навики на здравите деца можат да бидат корисни за избегнување на разни болести.

Секогаш чисти раце
Редовното миење на рацете драстично го намалува бројот на болести на респираторниот и дигестивниот систем, па навиката за редовно миење раце со сапун е многу важна пред секој оброк, но и при напуштање и влегување во различни простории. Ако детето не сака да ги мие рацете, изберете една песна што му се допаѓа на детето и оставете го да ги мие рацете додека не ја испее целата песна, целиот процес треба да трае најмалку 15 до 20 секунди.

Бидете активни секој ден
Истражувањата покажуваат дека редовното и умерено вежбање може да го намали бројот на настинки и грип за дури 25 до 50 проценти. Веројатно затоа што ја зголемува циркулацијата и клетките се борат против инфекциите. „Вежбањето е подобро од кој било рекламиран лек или чудо“, објаснува Харли А. Ротбарт, советничка за родители и авторка на книгата „Germ Proof Your Kids: the Complete Guide to Protecting (Without Overprotecting) Your Family from Infections”.

Спиењето е важно
Погрижете се децата да одат рано во кревет. „Недостатокот на сон речиси го удвојува ризикот од настинка или грип“, објаснува д-р Ротбарт. На повеќето бебиња им требаат околу 14 часа сон дневно, а на децата од предучилишна возраст од 11 до 13 часа.

Избегнување допирање на лицето
Вирусите и грипот влегуваат во телото преку носот, ушите и устата, така што вашето дете треба да ги држи рацете подалеку од овие области. Да, секако дека ова е многу тешко да се постигне, поради што миењето раце е многу важна стратегија. Научете го вашето дете никогаш да не дели сламка, чаша или четка за заби со никого.

Балансирана и здрава исхрана
Оброците со многу овошје и зеленчук во сите бои ќе помогнат да се зајакне имунолошкиот систем. Побарајте храна богата со витамин Ц (брокула, јагоди и портокали) и витамин Д (туна, млеко и житарици). Јогуртот со активни култури (пробиотици) исто така може да помогне во градењето на одбранбениот механизам.

Повеќе