Три грешки кои ве спречуваат да бидете смирени родители

Родителите често се соочуваат со стресни ситуации кои го тестираат нивното трпение. Детскиот психолог и едукатор за родители, Џејми Блох, издвоила неколку причини зошто родителите го губат трпението.

270

Мирно родителство е важно за создавање безбедна и стабилна средина за децата. Сепак, понекогаш е тешко да се остане смирен поради секојдневниот стрес и предизвици.

Родителите често се соочуваат со стресни ситуации кои го тестираат нивното трпение.

Детскиот психолог и едукатор за родители, Џејми Блох, издвоила уште неколку причини зошто

родителите го губат трпението.

Во неодамнешната објава на Инстаграм, таа истакна три грешки кои ги спречуваат родителите да

останат смирени.

Претерано реагирате на одредени ситуации.
„Наместо да реагирате пребрзо и пресилно, бидете свесни за моментот кога се чувствувате како да сте испровоцирани. Пред да му одговорите на вашето дете, смирете се.

Ова може да изгледа како да земате неколку смирувачки длабоки вдишувања во текот на 40 секунди додека повторувате корисна афирмација потврда за родители“, советува Блох.

За својата лутина ги обвинувате исклучиво децата.
„Лесно е да се обвини однесувањето на децата, но 90 проценти од времето сме лути затоа што сме

биле под стрес. Затоа, бидете свесни за своите рани и тригери.

Како родители, ние треба да преземеме одговорност за нашите сопствени реакции и да

препознаеме дека се тоа нашите сопствени рани“, забележува психологот.

Верувате дека детето намерно сака да ве изнервира.
„Ова создава наратив „јас против тебе“, кој само ќе ја зголеми вашата фрустрација.

Наместо тоа, запомнете дека вашето дете се мачи и не се обидува намерно да ви ги отежнува

работите“, заклучила Блох.

Повеќе