Како родителите ги подготвуваат децата за руските напади?

Најкомплицирано е да им се објасни на децата што се случува. Затоа постои игра со желки, која им објаснува на децата како да се однесуваат при напад

390

Среде кризата што се одвива во Украина, на родителите им е тешко да ги информираат и да ги подготват своите деца за руските напади што се случуваат низ нивната земја.

Пратеничката во украинскиот парламент Кира Рудик за Си-Ен-Ен ја опишала потресната игра која им помага на децата во Украина да знаат што да прават за време на напад.

„Најкомплицирано е да им се објасни на децата што се случува. Затоа постои игра со желки, која им објаснува како да се однесуваат при напад“, вели Рудик.

„Им кажувате на децата да се спуштат на стомак, да ја отворат устата, да ги затворат ушите со рацете и да се преправаат дека се желки. А денес моравме неколку пати да се преправаме дека сме желки“, рекла таа.

За време на Студената војна, американските студенти практикуваа сличен начин на подготовка за потенцијални напади од СССР. Тогаш вежбата во цртаните ја демонстрираше ликот по име Желката Берт.

УНИЦЕФ известува дека нападите врз Украина длабоко влијаеле врз животите и благосостојбата на 7,5 милиони деца во таа земја.

Повеќе