Паметни на мама! Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, физичкиот изглед од таткото

Има многу работи што нашите мајки ни ги дале во текот на нашиот живот, а ние воопшто не сме свесни за тоа. Ако им се верува на научните истражувања, ова ја вклучува и нашата интелигенција

251

Жените имаат XX хромозоми, додека мажите имаат XY хромозоми. Хромозомот е како хард диск во нашите клетки што им ги пренесува нашите гени на нашите потомци.

Според една неодамнешна студија, нашата интелигенција доаѓа директно од многу важните Х хромозоми. Бидејќи нашите мајки имаат два такви хромозоми, веројатноста дека интелигенцијата е наследена од страната на мајката е двојно поголема, пишува порталот Your tango.

Што е со придонесот на таткото?

Истата студија покажува дека XY хромозомите, кои ги добиваме од таткото, се одговорни за физичките аспекти на детето.

Не се клучни само хромозомите

Меѓутоа, хромозомите на мајката не се единствениот фактор што им помага на децата да станат поинтелигентни. Познато е дека блиското поврзување и мајчинската љубов значително влијаат на развојот на мозокот.
„Важноста на емоционалните односи за развојот на мозокот ја докажаа истражувачите од Универзитетот во Вашингтон, кои открија дека сигурната приврзаност и мајчинската љубов се клучни за растот на одредени делови од телото, вклучувајќи го и мозокот.

Овие истражувачи ја анализирале врската помеѓу мајките и нивните деца седум години и откриле дека хипокампусот на 13-годишните деца чии мајки им давале емоционална поддршка и интелектуална стимулација е за 10% поголем во споредба со децата чии мајки биле емоционално ладни.

„Хипокампусот е дел од мозокот поврзан со меморијата, учењето и реакциите на стрес“.

Повеќе