Зошто тинејџерите не реагираат на мајчиниот глас?

Мозокот на детето е поврзан со мајчиниот глас на посебен начин. Но, истото не може да се каже и за мозокот на тинејџерот, особено кога тој е во „бунтовничка фаза“, се наведува во студија.

248

Децата кога се на најмала возраст посветуваат посебно внимание на гласот на мајката и го издвојуваат од сите останати. Но, како што растат, толку повеќе ги привлекуваат гласовите на странците. Така, во адолесценцијата, деловите од мозокот поврзани со награда поинтензивно реагираат на непознати гласови отколку на гласот на мајката.

Мозокот на детето е поврзан со мајчиниот глас на посебен начин. Но, истото не може да се каже и за мозокот на тинејџерот, особено кога тој е во „бунтовничка фаза“, се наведува во студија.

Како што растат децата, тие почнуваат да развиваат социјални односи надвор од нивните семејства, а нивниот мозок треба да се прилагоди на светот на возрасните. „Како што бебето е врзано за гласот на мајката, тинејџерите имаат друга категорија звуци и гласови со кои треба да се поврзат“, вели Даниел Абрамс, невролог од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд.

Тој и неговите колеги го скенирале мозокот на децата и младите на возраст од седум до шеснаесет години, веднаш откако им дозволиле да ги слушнат гласовите на мајките и на непознатите жени. За децата и тинејџерите да се фокусираат само на гласот, зборовите биле бесмислени. Додека ги слушале, одредени делови од мозокот се активирале.

Претходните експерименти на Абрамс и неговите колеги покажале дека одредени делови од мозокот на децата на возраст меѓу седум и дванаесет години – особено оние поврзани со откривање на награди и обрнување внимание – реагираат посилно на гласот на мајката отколку на гласот на непозната жена.

Во нашите тинејџерски години го покажуваме токму спротивното, вели Абрамс. Истите области на мозокот реагираат поинтензивно на глас кој не е познат. Се чини дека до тоа пренасочување на вниманието се доаѓа на возраст од 13 до 14 години.

Овие области од мозокот на тинејџерите не престануваат да реагираат на гласот на мајката, објаснува Абрамс, „но непознатите гласови стануваат позначајни и ветуваат некаква награда“. Научникот наведува дека токму така треба да биде. Запознавање нови луѓе и истражување на нови врски и ситуации е карактеристика на младоста. „Она што го гледаме во овој експеримент е само одраз на тој феномен.

Гласовите можат да носат силни сигнали. Кога вознемирените девојчиња го слушале гласот на нивните мајки преку телефон, хормоните на стресот опаѓале, откриле биолошките антрополози Лесли Селцер и нејзините колеги од Универзитетот во Висконсин во Медисон. Ова не се однесувало на писмените пораки.

Тековните резултати ја поддржуваат идејата дека мозокот се менува за да ги одрази новите потреби кои доаѓаат со времето и искуството, вели Селсер. „Како што созреваме, нашиот опстанок помалку зависи од поддршката на нашата мајка, а повеќе од нашите односи со врсниците.

Сè уште не е јасно колку е универзална оваа невронска промена. Заклучокот може да се промени во зависност од односот мајка-дете (земајќи ги предвид различните стилови на родителство, или дури историја на запоставување или злоупотреба), вели Селцерова.

Иако и тинејџерите и родителите може да се чувствуваат фрустрирани од промените во комуникацијата, Абрамс испраќа охрабрувачка порака: „Така функционира мозокот и има добра причина за тоа“.

Повеќе