По борба со неплодност и 4 деца по 2 успешни ин витра, до трет пар близнаци по природен пат

Ештон и Ерик Роули од Вирџинија се горди родители на три пара близнаци, сите помлади од 6 години и зачнати на три различни начини.

421

Почетокот на семејната приказна на Ештон и Ерик Роули, брачен пар од Вирџинија, бил тежок. Тие имале проблеми со плодноста и не знаеле дали некогаш ќе можат да имаат деца.

„Се чувствував како сите околу нас да го живеат својот сон“, изјавила 33-годишната Ештон за Today Parents. „Сите добиваа бебиња. Само слушавме објави за бременост, една по друга. Навистина ни беше тешко бидејќи и ние многу го сакавме тоа“.

Во 2016 година се свртеле кон вештачко оплодување и ги добиле близнаците Амелија и Елоиз од два оплодени ембриони. Девојчињата сега имаат 5 години.

Кога дошло време за проширување на семејството, Роули повторно се одлучиле на истата процедура, но овој пат со само еден оплоден ембрион, надевајќи се на трето бебе кое ќе им го збогати животот. Но, ембрионот се поделил на два дела, а семејството се зголемило со две прекрасни момчиња по име Овен и Вајат, кои ќе го прослават третиот роденден во септември.

Според директорот на Центарот за плодност на NYU Langone, Џејмс Гриф, статистичките шанси да се случи ова е 1%.
Во 2021 година, парот добил неверојатни вести. Ештон чувствувала мачнини и на крајот дознала дека е повторно бремена. Овој пат таа забременила по природен пат и повторно очекувала близнаци.

„Помислив дека сум бремена, ги имав сите вообичаени симптоми, но никогаш немавме зачнато без третман за плодност“, рекла таа. На 16 март годинава пристигнале Роуз и Вајолет. Гриф изјавил за Today дека природното зачнување после ИВФ е ретко, но можно.

„Се чувствуваме толку благословени што имаме три пара близнаци“, вели таа. „Навистина постои посебна врска меѓу нив.

Повеќе