Експертка за историјата на жените без деца во западната култура, д-р Рејчел Кристил, ја напишала книгата „Како да се биде беа деца: Историјата и филозофијата на животот без деца“.
Во неа таа анализирала многу претпоставки што ги има општеството за луѓето без деца, а кои генерално не се многу ласкави. Еве неколку негативни стереотипи кои не се поткрепени со докази.
Луѓето без деца се невообичаени
Да се биде без деца често се смета за ретко и ненормално. Иако е вистина дека повеќето луѓе ќе имаат деца во текот на нивниот живот, живеењето без деца е повообичаено отколку што мислат многу луѓе, верува Кристил. „Околу 15 проценти од жените во САД ќе доживеат 45 години без да имаат деца“, вели таа, „или по свој избор или затоа што не можат“. Тоа е приближно една од седум жени, што значи дека е почеста од, на пример, леворакоста.
Во некои земји, како Германија и Швајцарија, стапките на возрасни без деца се уште повисоки, поблиску до една од четири жени. Далеку од тоа дека е реткост – да се биде без деца е релативно честа и широко распространета појава.
Тие се себични
Можеби сте слушнале за констатацијата дека родителството е противотров за себичност. Се разбира, да се биде добар родител бара постојано размислување за добросостојбата на друга личност (на детето или на децата), но тоа не значи дека родителите се нужно несебични, ниту дека оние без деца се себични.
Веројатно познавате многу себични родители и луѓе без деца кои се љубезни и великодушни. Егоцентричен возрасен човек веројатно ќе стане егоцентричен родител или ќе ја спроведе својата себичност преку воспитувањето на своите деца.
Од каде тогаш ова обвинување? „Родителството е навистина напорна работа“, вели Кристил, „и на многумина не им е лесно кога ќе добијат деца“. Родителите кои и тоа како се свесни за сопствените жртви може да претпостават дека оние без деца не знаат ништо за тоа што значи да им го посветиш животот на другите. Но, да се биде родител не е ниту неопходен ниту доволен услов за да се елиминира себичноста. За среќа, постојат многу начини да се стигне до тоа, како на пример да се грижите за благосостојбата на другите луѓе и да се однесувате со нив со почит.
„Себичност“ е обвинение кое всушност се фрла во двете насоки, како на пример мајка која патува со расплакано дете во авион. Лесно е да се игнорира или да се заборави дека плачењето на бебето многу повеќе ги оптоварува родителите отколку другите патници и дека родителите можеби патуваат од многу несебични причини. Значи, без разлика дали се насочени кон родителите или кон оние без деца, обвинувањата за себичност честопати се неоправдани.
Тие се производ на модерните феминистички движења
Вообичаената приказна е дека „сите“ имале деца, сè до појавата на контрацептивните методи (т.е. таблетите) и поголемата вклученост на жените во платената работна сила. Но, Кристил забележува дека низ историјата жените избирале да немаат деца.
„Таблетата многу ги промени работите“, вели таа, „но не толку колку што мислиме дека ги променила“. Таа забележала дека уште во 16 век, во земјите како Британија, Франција и Холандија, луѓето почнале да го одложуваат бракот до своите средни и доцни дваесетти. Околу 15 до 20 проценти од жените воопшто не се омажиле, особено во урбаните средини, а немажените жени главно немале деца.
За време на викторијанската ера, вели Кристил, дури и оние што се венчале не морало да имаат нужно потомство. Тие се потпирале на методите на контрацепција достапни во тоа време, како сунѓерите и првите верзии на кондоми. Иако ова не биле сигурни методи на контрацепција, тие функционирале до одреден степен“.
Нивните животи се неисполнети
Многу луѓе претпоставуваат дека децата се врвот на нечие постоење, можеби особено меѓу оние кои доживеале огромно исполнување преку родителството. Според тоа, тие би можеле да претпостават дека луѓето без деца го пропуштаат целосното животно искуство. Самата Кристил имала пријатели или добронамерни странци кои имплицирале дека таа погрешно го насочува своето време и ресурси со тоа што избира да нема деца.
Сепак, нема цврсти докази дека родителите се позадоволни од својот живот од неродителите. Всушност, како што забележува Кристил, „задоволството од животот и способноста да се контролира сопствениот живот се поголеми за луѓето кои никогаш немале деца“.
Така, иако на родителите им е тешко да замислат дека можат да се чувствуваат исполнети без нивните деца, не е точна претпоставката дека секој го наоѓа исполнувањето на ист начин.
Во подоцнежните фази од животот се соочуваат со поголема осаменост и финансиски тешкотии
Дали децата се гаранција дека некој ќе се грижи за нас кога ќе остариме, а тоа што некој нема деца значи дека ќе остари сам? Секако дека не, вели Кристил. „Резултатите од истражувањето покажуваат дека стареењето е предизвик за повеќето луѓе“, вклучувајќи финансиски, здравствени и социјални предизвици. „Но, луѓето без деца не се почувствителни на вакви проблеми“, вели Кристил.
Еден од главните фактори е тоа што жените без деца финансиски подобро стојат од мајките на иста возраст бидејќи работеле повеќе и имале помалку трошоци. И секој, без разлика на родителскиот статус, мора да најде начини да остане социјално поврзан во подоцнежните години.
„Правни документи од Франција, кои датираат од 1700-тите, укажуваат на тоа дека родителите одредувале дали нивните деца ќе се грижат за нив. Во дваесет и првиот век, постојат многу причини зошто децата можеби не се грижат за своите постари родители, како што се географските ограничувања или недостатокот на финансиски средства.
Тие не придонесуваат за одржување на нашиот вид
Родителите и неродителите често се наоѓаат на спротивните страни на различни животни избори. Сепак, како што истакнува Кристил, можеме да бидеме сведоци на меѓузависноста на родителите и неродителите.
„Верувам во човештвото и во продолжувањето на цивилизацијата“, ќе се насмее Кристил во подкастот Think Act Be во 2019 година. „За мојот живот да има смисла, треба да знам дека ќе има луѓе и сто години од сега и петстотини години од сега. Затоа го ценам тоа што одгледувате деца.
Продолжувањето на нашиот вид бара многу повеќе отколку да имаме деца
Продолжувањето на видот бара многу повеќе од раѓање деца. Бара решавање на најголемите проблеми со кои се соочуваме денес, создавање уметност што носи убавина во нашето постоење, филозофија која ги води нашите постапки – вклучувајќи го и тоа како ги воспитуваме нашите деца. „Се надевам дека капацитетот, енергијата, љубовта и страста што ги внесувам во мојата работа ќе придонесат за вашиот живот и животите на другите родители“, вели Кристил.
Се подразбира дека низ историјата имало многу луѓе кои правеле извонредни работи и не биле родители.