Седмо па женско: После 6 машки, брачна двојка се радува на веста дека седмото дете е девојче

Мислела дека нема ни 1 процент шанса да роди девојче, па останала шокирана кога дознала дека сепак ќе добие ќерка.

298

Кога дознала дека е бремена минатата година, Сара Молитор претпоставила дека ќе стане мајка на уште едно момче. Таа и нејзиниот сопруг Тим имаат синови на возраст од 10, 8, 7, 5 и 3 години и најмладиот кој има само 17 месеци.

„Знаев дека ова е нашето последно дете, бев воодушевена и прифатив дека ќе бидам мајка на седум момчиња“, изјавила Молитор за Good Morning America.

Мислела дека нема ни 1 процент шанса да роди девојче, па останала шокирана кога дознала дека сепак ќе добие ќерка. Семејството се собрало во дневната соба, а кога над нив се разлетале розови конфети, таа со најмладиот син во раце паднала на колена и се расплакала.
„После 10 години раѓање момчиња, не можам ни да замислам како е да држам мало девојче во раце и како ќе изгледа тоа“, додала таа.

Видеото за откривање на полот што го објавија на Инстаграм стана вирално и можете да го погледнете подолу.

Повеќе