Знаете ли што е тоа медуза родителство? Добрите и лошите страни на овој стил на воспитување

Иако техниката на медуза воспитувањето може да ги научи децата да бидат флексибилни, отворени за промени и подготвени да се борат самостојно за она што го сакаат, можеби тоа не е најдобриот пристап за сите семејства, пишува Very Well Family.

904

Психијатарката и авторка Шими Канг во својата книга навела дека постојат три типа родители, или родителски стилови, а еден од нив е таканареченото медуза родителство. Како што сугерира името, медуза родителите се флексибилни со своите деца, со нивните распореди и со нивните желби и потреби.

Родителите кои ги воспитуваат своите деца на овој начин ретко користат казнување или посериозно поставување на граници, туку се посклони кон комуникација. Ова води до зголемена приврзаност и поврзаност помеѓу родителот и детето, поради што често слушаме дека родителите кои го користат овој метод на воспитување ги третираат своите деца повеќе како пријатели отколку како авторитети.

Предности и недостатоци на медуза родителството
Иако овој тип на родителство има одредени предности, води и до некои недостатоци, предупредува Канг. Со оглед на тоа што, како што вели, овие родители се попустливи, водени од барањата на детето и немаат големи очекувања, нивниот начин на воспитување може негативно да влијае на некои аспекти од животот на детето.

Иако техниката на медуза воспитувањето може да ги научи децата да бидат флексибилни, отворени за промени и подготвени да се борат самостојно за она што го сакаат, можеби тоа не е најдобриот пристап за сите семејства, пишува Very Well Family. Имено, медуза родителите може да се сметаат за попустливи без контрола на своите деца. Овој стил на родителство може да има значително влијание врз развојот на детето и вештините за саморегулација, а на децата чиј родител го користел овој пристап може да им се даде премногу автономија пред да бидат подготвени за неа.

„Развојно, нашата способност да ги разбереме проблемите, да планираме соодветни решенија и да интегрираме повратни информации во нашето одлучување не е целосно развиена до нашите рани до средни дваесетти години“, објаснува психологот Скот А. Рот. „Крајната задача на развојот на адолесцентите е токму оваа независност и автономија“.

Кога родителот не спроведува граници, не поставува рутини или не ги следи последиците од одредени однесувања, децата може да бидат помалку подготвени да донесуваат промислени одлуки. „Ние во суштина имплицираме дека нашите деца се способни, метафорично кажано, да изградат куќа само со најосновните и честопати целосно несоодветни алатки“, објаснува Рот, кој вели дека таквите ситуации можат да доведат до анксиозност и депресија кај децата, како и до намалување на самодовербата.

Всушност, студиите покажале дека овој вид на попустливо родителство може негативно да влијае на личниот и емоционалниот развој на детето.

„Родителите кои го користат овој метод на воспитување веројатно ќе имаат потешкотии да одржуваат контрола и да поставуваат граници за своите деца. Овој стил на родителство исто така ќе се покаже тежок ако има густ распоред или рутини што треба да се одржуваат“, додава тој.

Повеќе