Кога веќе не знаете каде се, со кого се или што јаделе: Истражување открило кога родителите губат контрола над своите деца
Кога децата се многу мали, лесно е да се знае што точно прават, со кого се, што јадат и што пијат. Но, како што растат, сè повеќе го прават она што го сакаат, ги прават работите на свој начин и тешко е да се контролираат, особено кога станува збор за јадење, вели авторот на студијата.
Родителите почнуваат да губат контрола над своите деца околу 13-годишна возраст, покажа едно истражување. Откако со години го надгледувале секој нивни чекор, кога децата стануваат тинејџери, родителите не знаат што јадат, што прават, со кого се дружат.
Четири од десет родители се грижат за храната и пијалаците што ги консумира нивното дете кога не е со нив, 43 отсто од родителите велат дека често наоѓаат кесички за брза храна во детската соба или ранецот.
Околу 39 отсто од родителите не знаат со кого се дружи нивното дете, што исто така придонесува да ја изгубат контролата врз исхраната на нивните деца.
Еден од десет родители верува дека периодот во кој почнуваат да ја губат контролата над своето дете е од десетгодишна возраст.
Едно истражување спроведено во Британија покажало дека нивните стравови се оправдани бидејќи речиси 40 отсто од родителите мислат дека нивните деца јадат многу повеќе слатки отколку што јаделе тие на иста возраст.
Повеќе од половина од родителите разговараат за исхраната со своите деца и секојдневно им објаснуваат колку е важно да јадат овошје и зеленчук.
„Со оглед на поголемата достапност и избор на закуски, не е изненадување што многу родители веруваат дека децата повеќе уживаат во брзата храна отколку тие кога биле на иста возраст. Кога децата се многу мали, лесно е да се знае што точно прават, со кого се, што јадат и што пијат. Но, како што стареат, сè повеќе го прават она што го сакаат, ги прават работите на свој начин и тешко е да се контролираат, особено кога станува збор за јадење“, вели авторот на студијата.
Студијата на 2.000 родители на тинејџери на возраст од 13 до 18 години покажа дека шест од десет чувствуваат дека ја изгубиле контролата над своите деца додека стануваат понезависни.
Друго истражување спроведено од OnePoll.com покажало дека околу 12 отсто од родителите немаат поим колку чоколадни плочки изело нивното дете, а секој десетти не знае колку грицки јаде нивното дете. Исто толку родители не знаат колку газирани пијалоци испило нивното дете, а секој 20 родител не знае дали и колку овошје и зеленчук јаде нивното дете.
Оваа студија исто така покажа дека приближно четири од десет родители веруваат дека нивното дете пробало алкохол – а всушност 44 проценти од тинејџерите велат дека веќе пробале алкохол.
„Причината за ова може да биде нивната бунтовност и тестирањето на нивната новостекната независност“, велат авторите на студијата.