Спасете ме мене, а не бебето: Мајка објави контроверзно видео и ги подели мислењата
Мајка на две деца која го очекува своето трето, се најде на удар на критики откако ги сподели своите ставови за тоа што би направила кога би требало да избере помеѓу сопствениот и животот на своето бебе за време на породувањето.
Една од најтешките животни одлуки за многу идни мајки веројатно е онаа во која би се нашле во случај да се појават какви било компликации опасни по живот и доколку треба да одлучат дали да го спасат својот или животот на своето неродено дете.
Шелби Ленора, мајка на две деца која го очекува своето трето, се најде на удар на критики откако ги сподели своите ставови за тоа што би направила кога би требало да избере помеѓу сопствениот и животот на своето бебе за време на породувањето.
Во контроверзното видео на ТикТок кое веќе има повеќе од два милиони прегледи, мајката објасни дека причината за нејзината одлука е тоа што се чувствува одговорна за своите други деца. Со оглед на тоа дека ваквата одлука е генерално многу дискутабилна, не е ни чудо што нејзиното видео стана место на жестока дебата.
„Те разбирам целосно. Да немав други деца, мојот одговор најверојатно ќе беше да ги оставам лекарите да го спасат детето, но вака и самата чувствувам голема одговорност кон децата што ги имам дома“, ѝ напишала една мајка.
Но, има и такви кои најостро го осудија односот на оваа трудница.
„Без оглед на тоа што многу луѓе го поддржуваат овој начин на размислување, губењето дете, а потоа живеењето со тоа е најтешкото нешто што некогаш сум морала да го искусам. Некој што не доживеал такво нешто не може ни да коментира на ова видео“, напишала друга мајка.
„Мислам дека јас лично не би можела да живеам со оваа одлука, повеќе би сакала да се роди детето“, вели трета.
Што мислите вие, секако, доколку мајката има и други деца на кои треба да мисли?