Мајка ги тера ќеркичките да носат алки за следење (ВИДЕО)

Ги видов овие алки и помислив дека тоа е најдоброто нешто за децата. Можете да ги купите и да ги научите децата да дојдат кај вас веднаш штом ќе го слушнат звукот, вели оваа мајка чие видео ги подели родителите кои го виделе

80

Вада Стивенс се најде на удар на критики откако на Тик-Ток откри дека ги тера своите ќерки да носат на рацете алки за следење и ги учи да доаѓаат кај неа веднаш штом ги повика.

Имено, кога таа ќе го притисне копчето, алките на девојчињата ѕвонат и им сигнализираат дека мајка им ги вика.

„Ги видов овие алки и помислив дека тоа е најдоброто нешто за децата. Можете да ги купите и да ги научите децата да дојдат кај вас веднаш штом ќе го слушнат звукот“, вели таа во видеото, кое е прегледано речиси два милиони пати.

Во видеото таа ја демонстрира функцијата на алките и нејзините ќеркички Стела (4) и Серена (2) веднаш втрчаа во кадарот.
Додека некои ја пофалија идејата, има многу повеќе кои сметаат дека на овој начин ги тренира децата како кучиња.
„Децата не се животни“, „Сигурно се шегувате“, „Кутри деца“, се дел од коментарите.

Вада одговара на ваквите коментари: „Параноична сум, но доволна е секунда за да изгубиш дете во толпа. Во денешно време не можете да бидете премногу заштитнички настроени. Луѓето мислат дека сум луда, но ќе направам се за да спречам моите деца да бидат украдени или изгубени“.

@stevensfam

Today we are dog training 🐶 Outfits: @Kailani Kids Mom genius: @Lacey Johnson 💓

♬ Funny Music Background – original_soundtrack
Повеќе