Што е најлошото што можете да го направите кога детето има тантрум?

Како што објаснуваат психолозите, најлошото нешто што еден родител може да го направи кога неговото дете има излив на бес, е да попушти пред барањата на детето.

736

Иако изливот на бес не е најлошиот проблем во однесувањето со кој треба да се справите, честите и непредвидливи тантруми дефинитивно можат да им го уништат денот на родителите. Секое дете поминува низ фази кога изливот на бесот е вообичаен. Но, фактот дека секој родител понекогаш ќе мора да се справи со нив не го намалува срамот што може да го доживееме кога нашите деца ќе се фрлат на подот врескајќи на јавно место.

Во обид да ги спречат изливите на бесот, но често и за да ја намалат непријатноста проследена со погледите на другите луѓе, многу родители користат дисциплински тактики што само ги влошуваат овие ситуации. Тие како лоша истакнуваат особено една работа, а во тој случај тантрумите на детето се зголемуваат, а понекогаш стануваат и многу поагресивни, пренесува Very Well Family.

Како што објаснуваат психолозите, најлошото нешто што еден родител може да го направи кога неговото дете има излив на бес, е да попушти пред барањата на детето. Имено, понекогаш родителите од чист очај „попуштаат“ на изливите на гнев, само за детето да престане да плаче или да вреска. Психолозите објаснуваат дека со попуштање секој пат кога детето ќе има излив на бес, ние го учиме дека тантрумот е одличен начин да го добие она што го сака.

Како резултат на тоа, детето во иднина ќе има уште поголеми, подолги и погласни изливи на бес, бидејќи ќе добие јасна порака од родителите дека ваквото однесување ги дава посакуваните резултати. Дури и ако родителите само повремено им попуштаат на изливите на бес, детето сепак со текот на времето ќе научи дека бесот е ефикасен начин да го добие она што го сака.

Повеќе