Еден ден во јапонско училиште: Животно образование, предмет кој вреди повеќе од сите други (ВИДЕО)

Еве како изгледа еден цел ден во јапонско основно училиште и нивниот предмет наречен: животно образование. Особено е интересно тоа што секој ученик сади билка на почеток од школувањето, се грижи за неа и на крајот си ја зема дома

250

Најдовме уште едно фасцинантно видео од јапонските училишта. Овојпат, станува збор за еден цел ден во јапонско училиште за основно образование.

Во училиштето, како и во повеќето училишта ширум Јапонија, имаат и предмет наречен: Животно образование (Life education).
Aко се уште не ви е јасно зошто е оваа земја толку чиста и зошто Јапонците се толку единствени, погледнете како изгледа воспитувањето на децата уште од прво одделение.

Во рамки на животното образование, како што веќе знаеме, спаѓа и носењето на храната, раскревањето после јадење, чистењето на училиштето. Исто така, интересно е и тоа што уште кога поаѓа во училиште секој ученик сади некоја билка за која самиот се грижи во текот на школувањето, а по завршувањето на училиштето, си ја зема дома.

Но, погледнете самите.

Повеќе