Пет активности за да го задржите детскиот ум активен за време на празниците

Има многу работи со кои децата може да се ангажираат во текот на празниците за слободните денови да не се претворат во здодевни, празни и безделнички

103

Празниците им даваат можност на децата да се релаксираат и едноставно да направат заслужена пауза од сите училишни обврски. Меѓутоа, треба да се има на ум дека подолгите празници често ги спречуваат децата во учењето и предизвикуваат да заборават некои од лекциите што ги научиле во текот на учебната година. Овие активности им помагаат на децата да учат активно додека се забавуваат.

Читање
Постојат неколку причини зошто читањето е одличен начин да го окупирате умот на вашето дете за време на празниците. Читањето можеме да го направиме забавно со избирање книги што го интересираат. Редовното гласно читање на детето може да помогне да се развијат вештините за критичко размислување и решавање проблеми додека се среќаваат со нови идеи и концепти во книгите.

Пишување
Пишувањето и читањето се тесно поврзани и често одат рака под рака. Друга одлична техника за да му помогнете на детето да развие вештини за критичко размислување е пишувањето, кое му помага да ги усоглаи своите идеи и чувства за одредена тема.

Детето може да ја истражува својата креативност и имагинација преку пишувањето, што ја развива љубопитноста. Важно е да се погрижите детето да има пристап до хартија, моливи, а можеби и компјутер ако сака да научи да пишува за време на празниците.

Вежбање
Одржувањето активен животен стил е исто толку важно за академскиот успех како што е важно за целокупната благосостојба на детето, која ги вклучува физичкото и менталното здравје. Приклучувањето кон различни спортски клубови може да биде одличен начин детето да запознае нови луѓе и да развие социјални вештини, а притоа да остане активно.

Сепак, има и други опции освен запишување во различни клубови. Активностите како фудбал, фрлање фризби или дружење со пријателите исто така го промовираат вежбањето.

Едукативни игри
Едукативните игри го прават учењето забавно и привлечно. Овие игри може да се приспособат според предметите што детето ги сака, како што се математика, јазик, географија и други. Загатките и едукативните игри претставуваат предизвици и поттикнуваат критичко размислување.

Иако едукативните игри може да се играат на компјутер, важно е да се ограничи времето што детето го поминува пред екранот, пишува The Citizen.

Печење и готвење
Печењето и готвењето се фантастични семејни активности кои имаат бројни образовни и развојни придобивки. Математичките вештини на децата може да се подобрат со мерење на храната и разбирање на количините, додека печењето вклучува низа научни концепти, како што се температурните флуктуации и трансформацијата на состојките.

Празниците се можност децата да учат активно иако се на одмор. Сепак, важно е овие активности да се насочат според интересите на детето, да се поттикне креативноста и да се развијат и академските и животниte вештини. Активностите за време на празниците не само што ги одржуваат умовите на децата активни, туку и даваат можност за семејно заедништво и учење преку забава.

Повеќе