Познато е дека децата копираат сѐ што прават нивните родители, вклучително и „скролување“ на паметен телефон, што несомнено не е најздравата активност во слободното време ниту за возрасните, ниту за децата. За многу мали деца, времето пред екранот значи дека пропуштаат голем број клучни моменти за развивање на нивните јазични вештини, предупредија австралиските истражувачи.
Тие тврдат дека кај децата кои поминувале повеќе време пред екраните, забележан е побавен и полош развој на јазичните вештини во споредба со децата кои се занимавале со други активности.
Додека поминуваат време пред таблет или конзола, децата помалку комуницираат со возрасните, усвојуваат помалку зборови од нивните родители и слушаат помалку разговори. Токму разговорот е клучниот елемент за градење на сопствените јазични вештини, процес кој последователно може да се одложи, велат австралиските научници кои ги објавија своите набљудувања во напис во списанието JAMA Pediatrics.
Повеќе истражувања покажаа дека во периодот кога детето стекнува јазични вештини, како и за неговиот социјално-емоционален развој, клучно е да разговарате и да комуницирате со него дома, велат експертите.
Бројни студии се фокусираа на влијанието на времето што родителот го поминува пред екран, а не на времето што го поминува детето.
Како дел од студијата, тим од експерти предводени од научничката Мери Бруш од австралискиот универзитет Аделаида ги проучувал податоците за 220 семејства кои биле снимале на секои шест месеци од јануари 2018 до декември 2021 година, со користење на технологија за препознавање говор.
Екраните имаат најмногу негативно влијание врз децата на тригодишна возраст
Увидот во времето поминато пред екранот и општото јазично опкружување дома кај децата на возраст од 12 до 36 месеци е добиен со снимки во просек од 16 часа на ден.
Експертите откриле дека повеќе време поминато пред екран резултира со помалку време за разговор родител-дете. Тоа значи дека детето во неговото домаќинство слушало помалку зборови од возрасните во текот на денот, помалку комуницирало и поретко учествувало во разговори.
Најголемо и најнегативно влијание на времето поминато пред екраните во оваа смисла е забележано кај децата на возраст од 36 месеци.
Дури и во семејствата кои се придржувале до препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за препорачаното време за деца пред екрани, што значи не повеќе од еден час дневно за тригодишните деца, децата пропуштиле дури 400 зборови што би ги кажале за тоа време, во различни околности, возрасните.
Сепак, според бројни проценки, децата во просек поминуваат многу повеќе време пред екраните.
Децата губат, во просек, околу 1000 зборови поради екраните
Тригодишните деца, кои биле следени како дел од студијата, поминуваle во просек по 172 минути пред екраните секој ден, што значи дека во просек губат околу 1.000 зборови кои возрасен би им ги кажал под различни околности. велат австралиските истражувачи.
Растењето во јазично богато опкружување е клучно за раниот развој на јазикот, истакнуваат австралиските научници.
Тие признаваат дека иако разговорот со децата треба да биде едноставен и не премногу комплициран, понекогаш не е лесно да се најде доволно време за разговор во напорното секојдневие.
Научниците заклучуваат дека иако е нереално да се советуваат родителите целосно да ги држат децата подалеку од екраните, наместо тоа треба да се охрабруваат да го користат времето на нивните деца пред екранот како можност за интеракција со нив, колку и да е кратка.