Дебела девојка, јас сум дебела девојка… „Ако не ви се допаѓам, не гледајте!“
…Не ми е гајле како изгледам, дебела девојка, јас сум дебела девојка… Плус сајз моделот Аби Бабл (26) прави сѐ за да им стави крај на наметнатите стереотипи за убавина
Модната инфлуенсерка и плус сајз модел Аби Библ (26) прави сѐ што е во нејзина моќ да им стави крај на општествено наметнатите стереотипи за убавина и да докаже дека секој е убав на свој начин.
„Дебела девојка која никому не му се извинува и модна ентузијастка“, е реченицата со која се опишува себеси.
На Тик-Ток ја следат 200.000 луѓе и иако често наидува на негативни коментари меѓу илјадниците коментари под нејзините објави, Аби не дозволува тоа да ја поколеба.
„Ако не ви се допаѓа, не гледајте“, му порачала неодамна на „хејтер“ кој ѝ рекол дека „луѓето со нејзина големина не треба да носат бикини“.
Таа неодамна ги потсети своите следбеници, како на Тик-Ток, така и на Инстаграм, дека е „нормално да се имаат масни перничиња на грбот“, а исто така напишала: „Само затоа што сте слаби не значи дека сте подобри од мене!“
„Секој поединец е вреден и заслужува да живее исполнет живот“, смета Аби.