Повеќето родители го даваат максимумот кога станува збор за воспитувањето на нивните деца. Сепак, понекогаш може да се чувствуваме како ништо што правиме да не е доволно добро. Лесно е да се посомневаме дека можеби не ја работиме нашата работа најдобро што можеме, но семејната и брачната советничка Тина Феј открива пет знаци дека всушност сме подобри родители отколку што мислиме.
Ги сакате своите деца без оглед на сѐ
Целта на повеќето родители е да одгледаат успешни и среќни деца, но понекогаш можеме да ги закомплицираме работите во процесот.
„Можеби се чувствувате виновни ако не можете да си дозволите приватни училишта, најнови мобилни телефони или безброј хобија и активности за кои се надевате дека ќе им го збогатат животот. Но, децениските истражувања откриваат дека најважниот фактор во доброто родителство е можеби и оној најскромниот: љубов“ – ”, вели Феј.
Подготвени сте да ги ставите на прво место
Ништо не нѐ учи на несебичност како родителството, вели советничката. Таа тврди дека ако сме подготвени да се откажеме од одредени работи за да ги ставиме своите деца на прво место, тоа докажува дека веројатно сме подобри родители отколку што мислиме.
Не ги решавате сите нивни проблеми
„Интересно е што ова може да биде една од работите што нè прават да се чувствуваме како да ги изневеруваме нашите деца, но тоа е токму спротивното. Кога нашите деца имаат проблем, ние често сакаме веднаш да најдеме решение за нивните грижи. Спротивно на она што може да го чувствувате понекогаш, навистина не е ваша работа да ги заштитите вашите деца од апсолутно сите потешкотии“, вели советничката.
Тука сте за децата кога сте им потребни
„Ако сте тука за вашите деца на крајот од денот, без оглед на сѐ, тогаш сте одличен родител – забележува таа. Меѓутоа, основната работа што го прави некого доверлив не е совршено однесување цело време. Доследноста е клучна. Истражување спроведено од експерти од Универзитетот во Волонгонг покажува дека на децата им е потребна доследност од нивните родители. Тоа се работи како стабилност и рутина во домот, но и доследна дисциплина и поставување граници“, додава таа.
Сакате да одвоите време за себе и понекогаш сакате малку одмор од децата
„Вината е доминантната емоција што ја доживуваат многу родители. Претходно споменавме дека ако ги ставите децата на прво место тоа ве прави добар родител, но тоа не значи да ги игнорирате вашите сопствени потреби. Важно е да одвоиме време за себе без разлика колку ги сакаме нашите деца. Тоа е всушност позитивен знак бидејќи се работи за проактивна грижа за вашето ментално здравје“, заклучува Феј.