Ако вашето дете е бледо, уморно и јаде хартија, мраз или земја… Ова се некои од знаците кои укажуваат на недостаток на железо

Знаци на недостаток на овој важен нутриент вклучуваат бледа кожа, замор, ладни раце и нозе, забавен раст и развој, слаб апетит, забрзано дишење, проблеми со однесувањето, чести инфекции и невообичаена желба за консумирање работи како мраз, земја, песок, хартија и слично.

1.651

Железото е многу важен нутриент кој е неопходен за растот и развојот на детето, а некои деца немаат доволно, поради што се изложени на ризик да развијат состојба наречена анемија. Според клиниката Мајо, доколку не се препознае навреме, може да има сериозни последици.

Најголем ризик од недостаток на железо имаат бебиња кои се родени предвреме или имаат ниска родилна тежина, доени бебиња кои не добиваат дохрана што содржи железо по 6-месечна возраст, бебиња кои пијат адаптирано млеко што не е збогатено со железо, деца на возраст од една до пет години кои пијат повеќе од 710 милилитри кравјо, козјо или соја млеко дневно, деца кои имаат одредени здравствени состојби како што се хронични инфекции или ограничена исхрана, деца кои не јадат доволно храна богата со железо и деца кои имаат прекумерна тежина. Лекарите предупредуваат дека и тинејџерките се изложени на поголем ризик од недостаток на железо бидејќи нивното тело губи железо за време на менструацијата.

Кои се знаците на недостаток на железо кај децата?
Недостатокот на железо може да влијае на способноста на детето да функционира добро во текот на денот. Сепак, повеќето знаци на недостаток на железо кај децата не се појавуваат додека не дојде до анемија предизвикана токму од овој недостаток, која не била препознаена навреме.

Знаци на недостаток на овој важен нутриент вклучуваат бледа кожа, замор, ладни раце и нозе, забавен раст и развој, слаб апетит, забрзано дишење, проблеми со однесувањето, чести инфекции и невообичаена желба за консумирање работи како мраз, земја, песок, хартија и слично.

Повеќе