Акушерка објави видео од шиење на перинеумот по породување (ВИДЕО)

Полесно е да се породите ако знаете што може да се случи и на какви процедури ќе бидете изложени. Затоа на интернет може да се најдат многу едукативни содржини кои им помагаат на идните мајки да се подготват, а една од нив е и ова видео…

1.485

Ако не инсистирате дека не сакате, повеќето породилишта ќе направат засек во вашиот перинеум непосредно пред породувањето за да спречат неконтролирано кинење што ќе се случи ако ткивото во перинеумот не е доволно еластично. Перинеум се нарекува делот кој се наоѓа помеѓу вагината и аналниот отвор. Кај некои родилки може да дојде до растегнување и ресцепување на овој дел во текот на породувањето па затоа најчесто се прави рез кој го олеснува излегувањето на бебето.

Без разлика дали е направена епизиотомија или сте распукале, по породувањето е време да се зашие перинеумот. Оваа процедура се одвива под локална анестезија и не е болна, но не можеме да кажеме дека е и многу пријатна.

Ленокс-Хотл, акушерка по професија, редовно објавува едукативни видео клипови на својот Тик-Ток, во кои објаснува што се случува за време на породувањето со помош на кукла. Така таа објави и видео во кое покажува како изгледа да се шие перинеумот по епизиотомија или во случај на распукување на перинеумот при породување.

Епизиотомијата е хируршки рез на перинеумот (ткивото помеѓу анусот и вагината), кој се изведува пред породувањето со цел да се зголеми вагиналниот отвор и со тоа да се олесни излезот на детето од матката.

Фото: Тик-Ток

Постојат неколку видови на епизиотомија: засек во средината на перинеумот, право кон аналниот отвор; резот е усмерен малку накосо во однос на аналниот отвор; рез кој се прави странично хоризонтално лево или десно од интроитусот на вагината; рез кој полукружно се врти околу аналниот отвор, во форма на буквата Ј.

Многу експерти, како и мајки, се против сечење на перинеумот бидејќи веруваат дека заздравувањето е побавно и поболно.

Епизиотомијата обично се изведува за време на контракција и притисок на главата на бебето (или на задникот на бебето, во случај тоа да не се завртило како што треба) на перинеумот. Секако, персоналот проценува дали детето ќе излезе без да го оштети перинеумот. Ако тоа не е веројатно, лекарот или акушерката вршат епизиотомија.

Во изминатите децении оваа процедура се вршеше рутински, со став дека на тој начин се спречува спонтано пукнување на перинеумот, кое, наводно, може да биде многу поболно и тешко да се лекува. Меѓутоа, денес многу експерти, но и мајки, кои се подготвуваат за породување, се против сечење на перинеумот бидејќи сметаат дека заздравувањето е побавно и поболно.

Повеќе