Апликација со која може да го предвидите изгледот на своите деца (ВИДЕО)

Втората најпопуларна бесплатна апликација на Apple App Store во моментов е Remini, апликација која родителите ја користат за да го предвидат изгледот на нивните деца. Велат дека сличноста е неверојатна

325

Ако некогаш сте се запрашале како ќе изгледа вашето дете, не сте единствени. Втората најпопуларна бесплатна апликација на Apple App Store во моментов е Remini, каде што луѓето поставуваат фотографии од себе или своите партнери, а таа потоа користејќи технологија за вештачка интелигенција генерира слики што покажуваат како би можеле да изгледаат нивните деца.

Некои ги покажаа резултатите на Тик-Ток и открија дека сличноста со нивните деца е неверојатна.

Покрај оваа функционалност, апликацијата има и многу други функции за подобрување на фотографиите. Откако ја воведоа опцијата AI Photo во април 2023 година, апликацијата беше преземена околу 40 милиони пати ширум светот во рок од две недели, од 2 до 15 јули.

Сепак, експертите предупредија дека треба да бидеме внимателни кога споделуваме фотографии со апликации за вештачка интелигенција бидејќи тие можат да се користат за создавање нелегална содржина. Новите технологии можат да ги претворат фотографиите во видео-записи, кои потоа може да се користат за измами. Освен тоа, некои од видеата генерирани со вештачка интелигенција се толку реални што може да биде тешко да се каже дали личноста во видеото е вистинска или е плод на вештачка интелигенција.

Повеќе