Бегајте подалеку од кавгаџии или надмудрете ги! Еве 4 начини на кои може да ја запрете кавгата за помалку од минута

Кога расправијата ќе стане жестока и ќе престане да биде размена на мислења, време е да престанете – бидејќи овој начин на комуникација нема да го донесе посакуваното решение. А и што е па толку важно кој бил во право?!

1.324

Дури и ако не сте кавгаџии и секогаш кога можете избегнувате расправии, сигурно некогаш ви се случило да бидете вовлечени во жестока кавга. Можеби ви било важно да докажете дека сте вие во право, можеби поради љубов, можеби поради нешто што сте сметале дека е многу важно, едноставно, сте дозволиле да ве понесе. Но, кавгите никогаш не довеле до решение, единствено што може да произлезе од нив, е нарушен однос, чворче во грлото и едно навистина ужасно чувство. А зошто е важно кој бил во право?! Најважно е да не се изговорат зборови кои не можат да се вратат назад, да не се направи ништо со што ќе го повредите оној другиот.

За среќа, постојат неколку методи кои можат да помогнат да се запре расправијата за многу краток временски период.

Постојат 4 многу ефективни начини кои ќе ја запрат расправијата за помалку од една минута. Сигурно е дека барем еден од овие методи ќе биде успешен, а кој ќе го користите – зависи од вас и од другата страна, а пред сѐ – од контекстот на расправијата.

Првиот начин е:

„Дозволи ми да размислам за тоа“.
Ако некоја личност почне воинствено да ве напаѓа, вие само кажете „Дозволи ми да размислам за тоа“. Можеби нема што да се размислува за тоа, можеби сѐ ви е јасно, но со тоа вие сте всушност кочница. И тогаш другиот вели: „ааа, добро, ајде, размисли…“
Обично ни велат да броиме до 10 или до 100. Не, дајте му малку повеќе време. А тој другиот ќе се олади и повеќе нема да биде подготвен за битка и војна.

Друг начин е:

„Можеби си во право“.
Во овој случај употребете ја реченицата „Можеби си во право“ – особено ако знаете дека другиот започнал расправија само со цел да „победи“, а не да најде решение, да го реши конфликтот или нешто слично. Секако, не треба да верувате дека оваа личност е навистина во право и нема да ѝ го кажете тоа, но постои можност да е во право – па нека остане на тоа.

Третиот начин е:

„Многу добро те разбирам.
Овој израз, е како лек на рана. „Ох – ме разбираш“ и тоа е доволно за да се смират страстите. Некогаш расправијата започнува од сосема погрешни причини, а можеби на личноста која е подготвена за кавга ѝ требало токму тоа – некој да биде „во нејзина кожа“ и на нејзино место, да ја разбере (или барем така да каже).

Четвртиот начин е:

„Жал ми е.”
Познатото „Жал ми е“. „Жал ми е што…“ „Жал ми е што реков…“ „Жал ми е“. И тоа ќе ја забави борбата. На овој начин ќе можете полесно да го контролирате продолжението на дискусијата и да ја префрлите комуникацијата на друго, поразумно ниво каде што навистина ќе можете да разговарате наместо да се расправате.

Повеќе