Белешките на еден татко на проблематична тинејџерка (ВИДЕО)

Еден татко стана популарен и широко фален заради белешките во неговиот Ајпод, со неговите планови за тоа како да се соочи со својата ќерка и да ја дисциплинира за време на нејзините тинејџерски години.

361

Во видеото неодамна објавено на ТикТок, девојката со име Али сподели фотографија од Ајподот на нејзиниот татко, на која се наоѓа текст напишан во апликацијата Notes.

Белешката започнува со серија прашања кои планирале да ѝ ги постават нејзините родители додека била во своите проболематични тинејџерски години. Некои од прашањата се: „Што мислиш дека родителите на твојот пријател би рекле за тебе?“ и „Што сакаш луѓето да мислат за тебе?”

Белешката дополнително појаснила зошто родителите на Али се чувствувале како повеќе да не ја познаваат својата ќерка.

„Јас и мама се чувствуваме како да не те познаваме и да не знаеме што се случува во твојот живот“, се вели во текстот. „Што те спречува да разговараш со нас и да ги споделиш твоите чувства, стравови, успеси, да побараш совет?“

Белешката на таткото, исто така содржи и некои позитивни работи за неа, како на пример дека има силна волја, дека е внимателна со момчињата и е дел од ученичкиот совет во училиштето. Сепак, во пораката се вели дека родителите на Али се „многу разочарани „од некои изрази што таа ги користи, како и од неодамнешниот инцидент на Фејсбук“, за кој нема повеќе детали.

„Буквално влегував во толку многу неволји“, напишала Али во описот на видеото. „Моите луди години беа од 12-тата до 19-тата.

Луѓето кои го гледале видеото се воодушевени од грижата и организираноста на овој татко.

@ally.munch

#greenscreen I literally used to get in so much trouble.. my crazy years were 12-19 #parents #hoodratthings

♬ original sound – ❦
Повеќе