Бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК

По повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза.

96

Како што информираат од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, по повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на ГАК ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза. Целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба. Важно е, како што се наведува, на пациентките да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично.

Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби. Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените – годинава фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).

Повеќе