Бесплатно дотерување на мустаќи и бради: „Бербер шоу“ за одбележување на месецот на машкото здравје

Во организација на Фризерската секција од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје
Сити Мол, на 12 ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се
одбележи „Моември“ – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот.

64

Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу
другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите.
Токму по овој повод, во организација на Фризерската секција од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12 ноември од 12 до 17 часот, традиционално ќе се одржи таканареченото „Бербер шоу“.

„Со овој популарен неколкучасовен настан се приклучуваме кон светското одбележување на „Моември“, кој, покрај забавниот карактер има за цел и да ја информира и едуцира машката популација“, велат организаторите.
Настанот ќе го модерира актерското дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од
Скопје Сити Мол, кадешто ќе бидат поставени четири берберски столици. Повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, но и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите
и брадите на повеќе машки модели.
На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар
Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи
модели.
Меѓу останатите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери Игор Ангелов и
Дритон Вејсели, Панчо од позната поп група ДНК, националниот рекордер во пливање
Мартин Стефановски и други јавни личности.
Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот,
како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia.
На посебна локација предвиден е засебен дел „Бербер корнер“, каде, секој
заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и
стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички
производи за нега.
Настанот ќе биде заокружен со доделување награди на сите учесници и бербери.

Повеќе