„Бетовен“ во пелени: Дете кое го воодушеви светот свирејќи пијано (ВИДЕО)

На само една и пол година, прстите на малиот Гаврил Шербенко почнале да создаваат вистински акорди.

315

Моцарт ги воодушевил луѓето со своите композиторски способности на петгодишна возраст.

Франц Лист професионално свирел пијано за аристократијата кога имал девет години.

Јо-Јо Ма свирел виолончело за претседателот Џон Ф. Кенеди на седумгодишна возраст.

Малиот Гаврил Шербенко беше меѓу музичките чуда, чие свирење пијано го надминува експериментирањето со звукот.
На само една и пол година, прстите на Гаврил почнале да создаваат вистински акорди.

Тоа не е случајност.

На некои видеа тој седи во скутот на својата сестра и ја гледа додека таа свири и пее.

Музиката е очигледно важна во ова семејство бидејќи тој ужива и во музиката на мајка му и на татко му.

Неверојатно е што момчето, кое сè уште е во пелени, разбира ноти и е толку музикално.
Во секое видео можете да видите колку е среќен Гаврил додека свири.

Додека членовите на семејството го поттикнуваат да свири клавир, тој навистина ужива.

Затоа, не е чудно што некои го нарекле мал Бетовен.

Повеќе