Брзата храна им штети на неродените деца: Трудници, избегнувајте ја, порачува педијатарка

Покрај мастите и калориите, ризикот доаѓа и од хемикалиите кои често завршуваат во хамбургерите и помфритот, според студијата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон објавена минатиот месец во списанието Environment International.

67

Колку и да сакате помфрит и плескавица, држете се настрана од таквата храна за време на бременоста, предупредуваат педијатрите откако новото истражување покажа дека консумирањето ултра преработена или брза храна за време на бременоста има здравствени ризици за фетусот.

Покрај мастите и калориите, ризикот доаѓа и од хемикалиите кои често завршуваат во хамбургерите и помфритот, според студијата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон објавена минатиот месец во списанието Environment International.

Познати како фталати, овие хемикалии често се ослободуваат од обвивките за брза храна или од ракавиците на работниците и се поврзани со аутизам, АДХД, предвремено раѓање и мала тежина при раѓање. Кога храната е контаминирана со овие штетни микропластификатори, хемикалиите можат да навлезат во крвотокот на бремената мајка.

„Кога мајките се изложени на оваа хемикалија, таа може да ја помине плацентата и да влезе во феталната циркулација“, вели главниот автор на студијата, педијатарката Шила Сатјанарајана.

Проучувајќи повеќе од 1.000 трудници во второти тримесечје, истражувачите откриле дека поголемата потрошувачка на ултра-обработена храна е поврзана со повисоки концентрации на еден од најчестите и најштетните фталати. Истражувачите предупредија дека, покрај вообичаената брза храна како помфрит, хамбургери и газирани сокови и мешавините за колачи исто така носат одреден ризик.

Сатјанарајана ги советува трудниците што повеќе да избегнуваат брза и преработена храна. Наместо тоа, наместо масти и шеќер, треба да консумираат овошје, зеленчук, посно месо и енергетски барови направени со органско овошје, како што се урмите.

Повеќе