Четири знаци дека мозокот старее побрзо отколку што треба

Поспаноста во текот на денот не само што значи дека вашиот мозок не го добива соодветниот регенеративен одмор што му е потребен во текот на ноќта, туку може да предизвика и физички промени во мозокот поврзани со стареењето.

698

Науката покажува дека нашиот мозок не мора да старее во согласност со нашите години.
Во зависност од вашето здравје, начин на живот и други лични карактеристики, вашиот мозок старее во согласност со годините, но во фигуративна смисла би можел да биде и многу помлад од вас, пишува Prevention.

Научниците истражувале индикатори дека нашиот мозок можеби старее побрзо отколку што е оптимално.

Еве ги знаците на кои треба да внимавате:

Цинични сте

Финските научници објавија фасцинантна студија во која открија дека луѓето што се многу цинични не само што имаат поголема стапка на когнитивно опаѓање, туку и умираат порано. Зошто? Стресот би можел да биде виновникот; знаеме, на пример, дека кортизолот, хормонот на стресот, има многу нездраво влијание врз мозокот и ве спречува да размислувате јасно.

Ако понекогаш сте цинични, обидете се да забележите кога ќе се појави таков став за нешто или некого и во тие моменти обидете се да го промените својот начин на размислување.

Вашето внимание талка

Сите знаеме колку е тешко да се концентрираме кога сме возбудени или нервозни. Меѓутоа, ако ви е многу тешко да се фокусирате на нешто, можеби би требало да разговарате со вашиот лекар.

Истражувачки тим од Универзитетот во Јужна Калифорнија открил дека расеаноста е знак на когнитивно стареење. Оваа особина може да се појави и кај луѓе на возраст од 30 години и би можел да биде еден од знаците на евентуална Алцхајмерова болест.

Ова се случува најчесто кај постарите луѓе, но ако имате проблеми со фокусирањето кога сте под стрес, когнитивното тестирање може да ви помогне да откриете дали имате предиспозиција за когнитивен пад.

Вежбите за мозокот, како што се редење сложувалки или игрите, исто така можат да бидат корисни во градењето на вештините за концентрација.

Го заборавате работите

Вечерата со пријателите може да ви донесе многу. Меѓутоа, ако ги коригирате постојано без причина, ова може да сигнализира проблем. Ако вашите пријатели спомнат дека вашето однесување изгледа поинаку, сфатете ги сериозно нивните зборови.

„Пациентите што ги гледам и кои имаат проблеми со меморијата обично не препознаваат дека ги имаат“, вели Томас Р. Видик, соработник на Американската академија за неврологија кој работи во клиниката Елхарт.

Тој додава дека, напротив, тие се убедени дека нема ништо лошо кај нив. Затоа би рекол дека многу важен знак на кој треба да обрнете внимание е она што ви го кажуваат вашите пријатели и семејството. Дали забележале дека имате проблеми со меморијата? Ако е така, време е да се добие стручно мислење“.

Уморни сте во текот на денот

Ова е клучен знак забележан во неколку студии, како што е студијата за стареење на Клиниката Мајо. Поспаноста во текот на денот не само што значи дека вашиот мозок не го добива соодветниот регенеративен одмор што му е потребен во текот на ноќта, туку може да предизвика и физички промени во мозокот поврзани со стареењето.

„Спиењето е навистина важен заштитник на мозокот“, вели Нил Граф-Редфорд, професор по неврологија на клиниката Мајо.

Истражувањата покажаа дека апнејата за време на спиењето всушност може да го намали хипокампусот (кој е клучен дел од вашиот мозок кој има врска со учењето и меморијата).

Апнеата при спиење предизвикува недостаток на кислород, што може да го оштети мозокот, но истражувањата покажуваат и дека лекувањето на апнеја при спиење може да ја врати состојбата во нормала. За здравјето на мозокот ви требаат седум и пол до осум часа добар сон секоја вечер“.

Повеќе