Дали е дозволен секс за време на процедурата за ИВФ? Што е дозволено, а што не е?

Порано, на сите пациенти им се советуваше да се воздржуваат од секс за време на трансферот на ембриони со ИВФ, но денес обично е сосема во ред здрава жена без фактори на висок ризик да има односи, ако се исклучени какви било други компликации или дилеми.

392

Процесот на ин витро оплодување е многу комплексен, како за организмот на физички начин, така и за оние кои се подложени на него, во психолошки аспект. Понекогаш сакате само да се опуштите, да заборавите на сè, да се препуштите на интимното дружење… Но, дали е тоа дозволено?

Од ултразвук, земање крв и инјекции до чекање, сомнежи и напнатост – сето ова е многу напорно и бара голем ангажман за сите кои учествуваат во тоа. Секогаш е важно партнерите да се потпираат еден на друг за поддршка и да бидат блиски. Значи, ако обично најдобро се поврзувате во кревет, веројатно и двајцата се прашувате дали можете да имате секс за време на процедурата за ИВФ. Одговорот е малку покомплициран од едноставно да или не, но сè на сè, сè уште можете да ги имате вашите интимни моменти сè додека сте внимателни и ги разбирате ризиците.

Дали е дозволен секс за време на ИВФ?
Одговорот е во рамките на: „Да, но…“. Генерално, сексот за време на процесот на ИВФ се смета за сигурен и здрав, но со одредени мерки на претпазливост. Најголемиот проблем во текот на процедурата е што јајниците почнуваат да растат, јајце клетките стануваат поголеми и формираат цисти, па сексот може да стане непријатен. Ако почувствувате болка за време на сексуалниот однос, ова е веројатно сигнал дека треба да престанете и да почекате додека не заврши процесот на ИВФ.

Порано, на сите пациенти им се советуваше да се воздржуваат од секс за време на трансферот на ембриони со ИВФ, но денес обично е сосема во ред здрава жена без фактори на висок ризик да има односи, ако се исклучени какви било други компликации или дилеми.

Еве зошто е важно да го слушате вашето тело: Кога сте во делот од циклусот на ИВФ во кој самата си давате инјекции и се обидувате да добиете многу јајце клетки што треба да се ослободат од јајниците, јајниците може да се зголемат и на некој начин, да станат тешки. Кога се вакви, би можело да дојде до т.н торзија на јајниците, која бара итна операција. Затоа, во овој случај, не е добро да имате класичен секс, бидејќи се изложувате на ризик од торзија на јајниците. За среќа, тоа е многу ретко, но во тој случај и во тој период, односот со пенетрација е нешто што е подобро да се избегнува за време на вистинскиот циклус на ИВФ, додека се земаат инјекции за растење на фоликулите.

Иако некои лекари ќе речат дека не е добра идеја да се има секс по трансферот на ембрионот за да се спречи можноста тие да не се имплантираат добро, други експерти за плодност ќе советуваат да избегнувате секс додека не добиете позитивен тест за бременост или да чекате една недела по трансферот на ембрионот, но дека тоа не е нужно. Истражувањата покажале дека не е неопходно да се одмора во кревет или конкретно да се одмара карлицата за да се зголеми можноста за бременост.

Дали сексот може да помогне во успехот на ИВФ?
Постои теорија дека оргазмот може да биде од корист за време на забременувањето, бидејќи тогаш доаѓа до ослободување на ендорфини, што може да биде корисно. Всушност, оргазмите би можеле да помогнат, доколку во односот не е вклучена пенетрација и тоа поради положбата на јајниците.

Всушност, сè на сè, нема докази дека сексот е штетен или корисен. Сексот за време на трансферот на ембрионот не мора да ги зголемува шансите за бременост, но веројатно и не ги намалува.

Што не треба да правите во кревет за време на ИВФ стимулација?
Исклучително е важно во случај на сексуален однос во текот на оваа процедура да се прекине односот доколку жената почувствува некаква непријатност, особено за да се спречи торзија на јајниците. Има уште неколку работи на кои треба да се обрне внимание.

Користете заштита
Ако не користите кондоми, постои можност спермата што ќе влезе во репродуктивниот тракт, дури и многу пред да се извади јајце клетката на крајот од процесот на ИВФ (а таа сперма може да остане жива повеќе од пет дена) да оплоди јајце-клетка која се ослободува во телото без оглед дачли е тоа пред или по вадењето на јајце-клетката. Тоа значи дека лекарот нема да има контрола врз тоа колку ембриони може да има во вашето тело, па може да дојде до повеќекратна бременост.

Исто така, важно е да се воздржите од секс два дена пред земање на спермата за да се обезбеди добар примерок. Експертите веруваат дека спермата која ќе се спои со јајце клетките на денот на вадењето на јајце-клетката е најквалитетна по два дена апстиненција.

Сè на сè, сексот е добар начин партнерите да останат поврзани за време на понекогаш напорниот процес на оплодување со ИВФ, да се поддржуваат еден со друг и да го ублажат стресот. Хормоните што ги зема жената го зголемуваат либидото, па не е лошо малку да се позанимавате со таа нуспојава…

Повеќе