Брилијантен родителски трик: „Еден час за она што ги прави среќни“! (ВИДЕО)
Секој родител знае колку долги можат да бидат деновите кога сме затворени дома со детето или децата. Нема фантазија која може да помогне кога се повторуваат таквите денови, а ги има многу такви во лето… Една мајка има одличен трик.
Овие летни денови може да бидат толку долги, нели? Ако децата се дома, со некој од родителите поголемиот дел од денот… Па, искрено, мора да го преживеете. Ги сакаме нашите деца, секако, имаме нерви и трпение, сакаме да се забавуваме со нив, но… Тие долги, летни денови, па дури и недели, навистина можат да бидат малку премногу за секој родител.
Една мајка на Тик-Ток сподели генијален трик за денови како овој, а ние сме сигурни дека ќе ви се допадне. Само треба, хм, да замижите пред некои работи. Мајката Џеси Микс го сподели својот трик, кој го нарекува „Еден час за она што ве прави среќни“, и е токму таков како што звучи – забавно, а понекогаш и малку неуредно. Имено, кога е дома со децата и тие не можат да излезат, исто како деновиве, Џеси го воведува „Часот за она што ве прави среќни“, обично попладне, кога ѝ се исцрпени сите идеи.
Тоа е час во кој децата сами одлучуваат што ќе прават, односно го прават она што ги прави среќни. Во тој час децата можат да прават што сакаат – освен да поминуваат време пред екранот. И не смеат да бараат ништо посебно од родителите, ниту нивно вклучување во забавата. Звучи добро? Да, влогот што треба да го платите е потенцијалниот хаос што може да настане од овој еден час, но, тоа е мала цена што треба да се плати, нели?
„Она што те прави среќен е периодот од денот кога јас и мојот сопруг седиме, се опуштиме и оставаме нашите деца да бидат диви, слободни и да создаваат хаос“, објаснува Џеси и додава дека ова е обично часот кога децата едноставно полудуваат, а кога ќе им дозволат да бидат слободни, диви и неуредни, тоа исто така им помага и ним да ги ублажат своите фрустрации.
И покрај огромниот хаос и неизбежното чистење подоцна, Џеси и нејзиниот сопруг им дозволуваат на своите деца да направат хаос и така да ослободат малку од насобраната енергија и добиваат малку слобода која ќе направи времето за спиење да помине колку што е можно побезболно.
Ако можеби сте го гледале семејниот филм „Ден за ДА“, ова дефинитивно ќе ве потсети на тој филм. „Yes Day“ е токму тоа – ден кога родителите не можат да кажат „не“. И тоа е совршен трик за добра соработка помеѓу децата и родителите!
Кои се правилата за „Часот во кој може да прават се што ги прави среќни“?
Единствено основно правило е децата да не го поминуваат тој час пред екранот. Освен тоа, тоа е време кога се е дозволено. Се разбира, нема опасни предмети или предмети опасни по живот, а родителите се секогаш во близина – едноставно не се достапни.
Важно е на децата да им се наговести кога ќе заврши таквата забава, односно на децата да им се каже дека, на пример, вечерата е за еден час, а дотогаш можат да го прават тоа што ги прави среќни. Всушност, Џеси не им навестува на своите деца дека „започна часот во кој можат да го прават она што ги прави среќни“, туку едноставно нејзиниот сопруг и таа се повлекуваат и не реагираат на она на што инаку би реагирале.
Сепак, ни се чини дека е сосема во ред да им кажеме на децата, во зависност од нивната возраст, дека е тоа таков час и да ги воспоставиме правилата.
Дали овој трик функционира?
Родителите на кои генерално им е тешко да се откажат од контролата веројатно потешко ќе го прифатат овој трик, бидејќи првото нешто што ќе им падне на ум ќе биде неуреден дом, валкани деца и чистењето што следува. Сепак, има придобивки (за родителите и децата) да им се дозволи на децата ваков тип на часови „Што и да ве прави среќни“. Плус, децата можат да помогнат во чистењето!
Дали мислите дека е време за „Часот кога го правите она што ве прави среќни“ во вашиот дом?