Дали екстра девственото маслиново масло може да им помогне на луѓето со Даунов синдром во борбата против когнитивниот пад?

Дауновиот синдром е најчестиот генетски предизвикан облик на физичка и интелектуална попреченост и додека медицинскиот напредок помогна да се продолжи нивниот животен век од околу 40 на просечни 60 години, развојот на Алцхајмерова болест кај овие пациенти е почеста од кога било претходно.

37

Како екстра девственото маслиново масло влијае на когнитивниот пад во случај на Даунов синдром било проучено од истражувачите кои работат во Центарот за Алцхајмерова болест во Темпл (ACT).

Научниците го истражувале ефектот на екстра девственото маслиново масло врз здравјето на мозокот и меморијата за да утврдат дали консумирањето на ова масло, инаку главна компонента на медитеранската исхрана, може да го одложи когнитивниот пад кај луѓето со Даунов синдром.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието за Алцхајмерова болест.

До 40-годишна возраст, околу 50 проценти од луѓето со овој Даунов синдром имаат големи проблеми со учењето и меморијата

Даунов синдром е најчестата генетски-индуцирана форма на физичка и интелектуална попреченост и додека современиот медицински напредок помогна да се зголеми животниот век од околу 40 години на просечни 60 години, развојот на Алцхајмерова болест кај овие пациенти е почест од кога било претходно.

Поединците со Даунов синдром развиваат когнитивен пад и синаптичка дисфункција зависно од возраста.

Истражувањата покажале дека до 40-годишна возраст, околу 50 проценти од луѓето со овој синдром имаат значителни проблеми со учењето и меморијата, што е поврзано со оштетувања слични на Алцхајмеровата болест.

Во рамки на истражувањето, на лабораториски глушец со Даунов синдром, истражувачите му давале екстра девствено маслиново масло во текот на 5 месеци, по што биле тестирани за оштетување на учењето и меморијата.

Потоа била измерена синаптичката функција, а мозочните ткива се проценети на воспалителни биомаркери.

Екстра девственото маслиново масло ги подобрува меморијата и учењето

Истражувачите откриле дека глувците кои внесувале маслиново масло имале значително подобрување во учењето и просторната меморија. Покрај тоа, им била подобрена синаптичката функција, а екстра девственото маслиново масло ги намалило нивоата на неколку воспалителни биомаркери.

Примената на екстра девственото маслиново масло на лабораториски глувци со Даунов синдром има поволни ефекти врз оштетувањето на меморијата, дефицитот на синаптичката функција и невроинфламацијата. Нашите наоди даваат дополнителна поддршка за потенцијалните терапевтски ефекти на екстра девственото маслиново масло кај луѓето со Даунов синдром, посочува д-р Доменико Пратико, претседавач на Scott Richards North Star Foundation Chair for Alzheimer’s Research и оснивач на Центарот за Алцхајмер во Темпл (Alzheimer’s Center at Temple).

Повеќе