Дали на малите деца треба да им се дозволи или да им се забрани да гледаат телевизија?

Што мислите за бебињата и ТВ екраните? Светската здравствена организација вели дека децата до две години воопшто не треба да гледаат во екраните. Дали е тоа воопшто реално? Што правите вие?

611

Жeна по име Мелиса не ни сонувала каква дискусија ќе предизвика со нејзиното прашање што го поставила на 1 јануари во родителска група на Фејсбук.

„Што мислите за бебињата и ТВ? Светската здравствена организација вели дека децата до две години воопшто не треба да гледаат во екраните. Дали е тоа воопшто реално? Што правите вие? Без осуда, ве молам, секој има право на свое мислење“, напишала таа.

Под нејзиното прашање има стотици коментари со различни мислења на темата, а некои поостро од другите ги искажале своите ставови.

Еве некои од нив.

„Мојот син има девет месеци и нашиот телевизор е постојано вклучен. Мислам дека тој воопшто не го забележува тоа“.

„Нашите деца живеат без екрани и добро функционираат. Никогаш не ги бараат и не им требаат. Играат самостојно и никогаш не им е досадно”.

„Моето дете има 14 месеци и забележав дека веќе има омилена ТВ емисија. Му го вклучувам цртаниот додека чистам дома или кога треба да направам нешто и тој се забавува. Синоќа беше нервозен и пробавме сѐ за да го смириме, но само гледањето на цртаниот филм му помогна. За неколку минути заспа“.

Повеќето родители се согласуваат дека го користат ТВ како краткотрајно одвлекување на вниманието.

„Мислам дека воопшто не е лошо да му дозволите на детето да гледа телевизија пет до десет минути додека вие паузирате или правите нешто“, „Секое дете има фаза кога е премногу уморно и премногу тешко за справување“, напишале тие.

За деца на возраст под две години, се препорачува воопшто да не гледаат телевизија и/или други медиумски платформи или да ги гледаат најмногу петнаесет минути дневно. Децата од предучилишна возраст можат да гледаат аудиовизуелни содржини околу еден час, а децата на возраст над 7 години најмногу околу два часа дневно, пишува порталот „Медиумска писменост“.

Повеќе