Дали навистина внуците се сакаат повеќе од децата?

Една нова студија фрла светлина на вистинската длабочина на односот помеѓу бабите и внуците

417

Врската помеѓу бабата или дедото со внуците може да биде нешто неверојатно посебно и важно. Иако не се сите врски исти, родителите обично сакаат децата да имаат добар однос со нивните родители, заради нивното и менталното здравје и благосостојбата на нивните деца.

Тоа е толку важен однос што редовно се спроведуваат студии за тоа како функционира динамиката на овие односи и што може да ја подобри или да ја наруши.

Според Study Finds, тим од истражувачи анализирале како гледањето фотографии од нивните внуци влијае на бабите и дедовците. Оваа студија е објавена во Royal Society Publishing.

Размената на фотографии за некои баби и дедовци е единствената опција да контакт со внуците

Некои семејства имаат баби и дедовци кои живеат во оддалечен град или дури и надвор од државата, што значи дека можат да се потпираат на фотографии за да можат да фрлат поглед на животите едни со други. Иако ова можеби не е идеално, тоа е најдобрата опција што ја имаат. Ова е прва студија која се занимавала со мозочните функции на бабите.

Истражувачите откриле дека кога бабите ги гледаат сликите од нивните насмеани внуци, тие почнуваат да ги преживуваат истите чувства. Ако виделе слика од нивниот внук тажен или расплакан, тие сочувствувале на истиот начин. Истражуваачите откриле дека делот од човечкиот мозок одговорен за емоционална емпатија „заблескува“ кога тие ги гледаат фотографиите од внуците.

Забележана е промена во активноста на мозокот

Студијата била спроведена така што бабите биле подложени на магнетна резонанца додека гледале неколку различни фотографии: фотографија од нивниот внук, дете кое никогаш не го запознале, мајката на нивниот внук и возрасен човек што претходно не го запознале.

Резултатите покажале дека бабите развиваат најголема мозочна активност кога гледаат слики од нивните внуци во споредба со оние кога гледаат слики од други. Посилната врска меѓу бабите и внуците покажала најсилна промена во активноста на мозокот. Оваа студија би можела да поттикне натамошни истражувања во оваа област, бидејќи истражувачите биле фасцинирани од она што го пронашле.

Повеќе