Дали сме толерантни кон лицата со деменција?

Воочи Светскиот ден на толеранцијата кој се одбележува на 16.ноември, утре (14.11) во Кинотека на Македонија ќе се одржи Тркалезна маса на тема: Да помагаме и почитуваме, а не да отфрламе! На дневен ред е прашањето дали и колку сме толерантни кон лицата со деменција

189

Дали сме толерантни кон лицата со деменција?

Дали разбираме како изгледа секојдневието на најмалку 20.000 семејства во земјата кои се справуваат со предизвиците кои болеста ги носи?

Дали знаете дека лицата со деменција иако забораваат, чувствуваат среќа, љубов и тага..дека сакаат музика и театар… сакаат убав збор и бараат разбирање, зашто во нивниот свет мислите бегаат, зборовите исчезнуваат, сопствените деца стануваат некои други, туѓи, непознати… нештата се збркани и магловити… светот на нивните сеќавања и спомени е заклучен и полека осиромашува, но светот околу нив треба да е отворен и да им овозможи квалитетен живот.

Дали сме општество пријателски настроено кон лицата со Алцхајмерова болест?

Дали сте го запознале тивкиот крадец на спомените?

За уште многу „дали“ и уште повеќе „како“, за деменцијата во прво лице еднина, ќе зборуваме, поучуваме и споделуваме во вторник, 14.ноември, во 18 часот во Кинотека на Македонија.

Тркалезната маса која ja организира женската организација Inner Wheel Club Skopje Europea, со поддршка на Институтот за Алцхајмерова болест и Невронаука ќе учествуваат д-р Габриела Новотни и д-р Анита Арсовска од ЈЗУ Клиника за неврологија, Драгица Русевска Христова, новинарка и авторка на книгата „Кога мама заборави дека ме сака“ и актерката Тања Кочовска, ќерка на родител со деменција. Модератор на настанот е Ели Танаскова, новинарка во МТВ.

Инаку, Inner Wheel Club Skopje Europea е дел од Inner Wheel International – организација основана во 1924. година од сопругите на членовите на Rotary клубовите во светот.
Од основањето во 2016.година, клубот со разни активности се придружува кон
одбележување на Меѓународниот Ден на толеранцијата кој почнувајки од 1996 година е
годишно одбележување на толеранцијата под покровителство на УНЕСКО, со цел
генерирање на јавна свест за опасностите од нетолеранцијата. На 16 ноември 1996 година,
Денес, многу земји, владини и невладини организации го одбележуваат овој ден преку
организирање на разни настани и кампањи со цел подигање на свеста за потребата од
толеранција, инклузија и интеграција на сите групи во општеството.

Повеќе