Дали знаете што е караоке родителството?

Има толку многу стилови на родителство колку што има родители! Но, дали знаете што е хеликоптер родителство или пак сакате да дознаете уште нешто за овој стил, но и за еден за кој веројатно не сте слушнале досега: знаете ли што е караоке родителство?

70

Сигурно досега веќе сте слушнале за таканареченото хеликоптер родителство, но дали сте слушнале за караоке родителство? Станува збор за два многу различни, но не секогаш добри стилови на родителство.
Секој кој е родител знае колку е тешко да се справи со очекувањата, неизвесноста, вознемиреноста за иднината, но и сегашноста. На ист начин, сите родители знаат колку е тешко да се биде родител, но и пријател, психолог, педагог, помошник, прва помош…

Токму затоа понекогаш претеруваме мислејќи дека знаеме што е најдобро за нашите деца. И токму таа реченица ги опишува хеликоптер и караоке родителството – мислиме дека знаеме што е најдобро. Сепак, тоа не е нужно така.

Хеликоптер родителство
Овие родители буквално лебдат над своите деца, обидувајќи се да ја контролираат нивната околина и однесување. Често се споменува во медиумите, дури и во хумористичните серии, како карикатура на денешното општество, каде децата се соочени со сè помалку предизвици, а родителите се вклучени во апсолутно сè.
Она што е проблематично за овој родителски стил е обидот да се контролира секој аспект од животот на детето, како и да се носат одлуки во негово име.

Караоке родителство
Караокето е апсолутно спротивно на хеликоптер родителството! Родителите со караоке родителски карактеристики често се обидуваат да се однесуваат како нивните деца. Овие родители буквално звучат и личат на нивните деца, како песна во караоке бар. Обид, но не и оригинал. Она што му недостига на караоке родителот е авторитетот, карактер и границите што родителите треба да ги постават.

Повеќе